Наjважните прашања на денешницата се теми на денешната конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“на ЦИВИЛ: зелени вредности, социјална правда и антинационализам.
Конференцијата ја организира ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел
На конференцијата ќе говори Марион Краске од Фондацијата Хајнрих Бел, директорка на регионалната канцеларија за БиХ, Северна Македонија и Албанија. На листата на говорници се: Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, Илхан Рахман, заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и претставници на други владини ресори, локалната самоуправа, невладиниот сектор и бизнис заедницата. На конференцијата ќе говорат и четворица претставници на ЦИВИЛ – Петрит Сарачини, Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
Конференцијата ги опфаќа темите во областите на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, со посебен осврт на меѓусебната поврзаност и неделивост на овие области. Конференцијата е завршен настан на проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува со долгогодишните партнери на ЦИВИЛ, Фондацијата Хајнрих Бел.
Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, конференцијата ќе се одржи онлајн, со минимално физичко присуство на организацискиот и медиумскиот тим на ЦИВИЛ.
Онлајн учеството е обезбедено преку апликацијата Зум, со претходно пополнување формулар за учество. Физичко присуство не се препорачува.