ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Туристичкиот сектор поделен, седница на Координативното тело во понеделник

November 21, 2020 10:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори (ССК) и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) вчера го повторија барањето за итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, кое првпат беше изнесено на 28.10.2020.

Јаневски, пак, одржа прес-конференција на која ги соопшти резултатите од сработеното во првите десет месеци од годинава, најавувајќи ги и активностите за 2021-ва.

Попладнето се огласи и Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) која го повтори ставот дека оставката на Јаневски е непотребна, а барањето за негова смена е претенциозно.

За понеделник, 23 ноември, е закажана седница на Координативното тело за туризам во кое членуваат сите засегнати страни. Како што соопшти директорот на АППТ, Јаневски, на седницата ќе бидат изнесени нови предлог-мерки за ублажување на ударот од корона пандемијата во туризмот. Се очекува да биде ставено на маса и барањето за итно конституирање на владиниот Комитет за туризам како тело од највисок ранг кое би ги разгледувало предложените мерки, но и кое би дејствувало како механизам за изнаоѓање решенија и надминување на пречките за развој на туризмот, особено во вакви, кризни ситуации

-Агенцијата прва во регионот создаде Координативно тело, на нејзино барање, во кое учествуваат и членуваат сите засегнати страни од труизмот. Со здруженијата, асоцијациите и коморите работиме заеднички на донесување на сите можни мерки, предложени од нивна страна, за ублажување на кризата. Сите четири сегменти и сетови мерки беа донесени по барање на коморите. Покрај соработката и отвореноста, АППТ секогаш работи со аргументи, статистики и постигнувања, рече Јаневски во врска со барањето за негова смена.

Здружението на угостителството и туризмот, Туристичко-угостителската комора и НАИТМ велат дека се репрезенти на над 95 отсто од претставниците во туристичко-угостителскиот сектор, како и дека подолго време укажуваат на некооперативност, дисфункционалност и непродуктивност на ресорната институција одговорна за промоција и поддршка на туризмот поради што минатиот месец јавно побараа итна смена на Јаневски, а кон ова барање се приклучи и Независната угостителска комора (НУК).

-Последните години директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со својата несовесна и неправилна работа предизвика нарушување во вршењето на работите на Агенцијата и причинува штета која континуирано ја прикрива преку театрална симулација на активности, ги занемарува и не ги извршува обврските со што се нарушува вршењето на дејноста од интерес на Агенцијата, што отвора сомнежи за незаконско постапување. Како последица на ваквиот однос во прашање е доведена функционалноста на институцијата која со вакво раководење нема капацитет соодветно, прецизно и навремено да ја информира Владата за состојбите во реалниот сектор, ниту поседува авторитет да ја претставува Владата пред стопанството и јавноста, со што се предизвикува штета со големи последици која се заканува да ги обезвредни сите досегашни мерки и заложби на Владата посветени на туризмот, информираа Здружението на угостителството и туризмот, Туристичко-угостителската комора и НАИТМ.

СКТМ повика на соработка базирана врз, како што нагласи, постулатите на солидарност и професионализам, без истакнување лични амбиции во прв план.

– Како најголема самостојна гранска стручна комора во која членуваат туристички агенции и тур-оператори, хотелско-угосителски објекти, патнички превоз, туристички водичи и придружници, како и образовни институции и асоцијации од туризмот, го поддржуваме барањето за повторно активирање на Комитетот за туризам при Владата, дотолку повеќе што тоа тело е формирано токму на наша иницијатива и покажало огромни резултати во соработката меѓу приватниот сектор и институциите. Во врска со барањето, пак, на посочените асоцијации и здруженија за реафирмирање на повикот од 28.10.2020 за оставка на директорот Јаневски го повторуваме нашиот јавно искажан став од 29.10.2020 кој е непроменет и константен – дека оставката е непотребна и претенциозна, соопшти СКТМ.

Додека траат несогласувањата, статистиката бележи драстичен пад во туризмот. Во периодот јануари – септември бројот на туристите е намален за 60,4 отсто. Земјава ја посетиле 83,8 отсто помалку странски гости во однос на периодот јануари ‒ септември 2019, а пад има и кај домашните туристи за 20,7 проценти. Бројот на ноќевањата е намален за 46,3 отсто – кај домашните туристи за 14,1, а кај странските за 84 проценти./MИА/

Next Post

Епидемиолошката состојба во Австралија се смирува, укинати строгите мерки

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk