ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието да работи „онлајн“ за системот да не отиде „офлајн“

November 23, 2020 10:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНИСЛАВ ЃОРЃЕВСКИ

Во сенка на случувањата со Бугарија помина веста дека претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесе измени и дополнувања на Деловникот за работа на Собранието со кои на пратениците кои се заболени од коронавирус или се наоѓаат во изолација, ќе им се овозможи да работат од далечина, односно онлајн да ги вршат своите работи.

Во ситуација кога вирусот е широко распространет, потребни се измени кои ќе овозможат функционалност на Собранието, но и заштита на здравјето како на пратениците, така и на вработените во собраниските служби. А предлог дополнувањата се токму во таа насока.

Прашањето не е само во имањето или немањето кворум за одржување седници како што сака тоа да го прикаже опозицијата, туку многу лесно може да се случи блокада на работните тела. На пример сите членови на одредена комисија да мора да бидат во задолжителна изолација поради контакт со заболено лице и тие иако не се заболени мора да останат во изолација, со што Комисијата би станала целосно нефункционална.

Со дополнувањата на Деловникот, пратениците кои се во изолација, како и оние заболени со полесна клиничка слика или се без симптоми, своите работни обврски би ги вршеле онлајн, од далечина, додека сите останати би биле во собраниските простории. Вакви искуства, од почетокот на пандемијата па до денес, има во многу земји во Европа и светот.

За жал и оваа прилика ВМРО-ДПМНЕ ја користи за на дело да ја покаже својата неодговорност и неконструктивност. Наместо поддршка на демократските процеси, поддршка за функционално собрание, тие ситуацијата ја (зло)употребуваат за теснопартиски цели и нова блокада на работата на Собранието.

Нивниот главен аргумент за противењето е членот 69 од Уставот кој вели дека седниците на Собранието се одржуваат со присуство на пратениците, но ниту во тој, ниту во кој било друг член не е прецизирано дека се мисли на физичко присуство.

Во време кога сите капацитети се ставени во борба против последиците од коронавирусот, неопходно е функционално собрание кое ќе носи одлуки во интерес на здравството, економијата, граѓаните.

Веќе утре почнува комисиската расправа за Буџетот за 2021 година, по што ќе следува и пленарна седница за негово усвојување. Ако ситуацијата со заболени пратеници ескалира, а опозицијата во Собранието продолжи со инаетот, многу лесно може да се случи Буџетот да не биде усвоен, со што ќе се нанесе сериозен удар врз и онака кревката економија.

Покрај Буџетот, пред пратениците се наоѓаат и низа клучни закони важни за интересите на граѓаните, важни за справување со коронавирусот и недозволиво е во таква ситуација Собранието да биде блокирано и да не носи одлуки.

Измените на Деловникот досега најчесто се носеле со консензус и така треба да биде и овој пат. Време е ВМРО-ДПМНЕ да покаже трунка одговорност пред институциите и пред граѓаните и да ги поддржи овие промени.

Затоа што на крајот, изборот е едноставен: Или Собранието ќе работи онлајн или системот ќе отиде офлајн.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот

Next Post

Мицкоски правел „шлагворд“ тактика, Таравари не бил многу среќен

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk