ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Физички нападнат актер зoшто забележал дека треба да се носат заштитни маски во маркет

November 24, 2020 22:05
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крушевскиот актер Михајло Миленкоски (33), којшто речиси 6 години работи во прилепскиот театар преживеал вистинска драма и завршил во прилепската болница со тешки повреди, само затоа што забележал дека во маркетот каде што пазарел, потрошувачите треба да носат заштитни маски. Настанот се случил неодамна, во еден од големите маркети во строгиот центар на Прилеп. Миленкоски, како што раскажува, влегол како и обично да ги купи потребните намирници, пренесува МЕТА.

– Се случи дење на пладне. Влегов да пазарам во маркет во центарот на Прилеп, му се обратив на вработениот, изреагирав, велејќи дека не е добро да оставаат луѓето што пазарат да не носат заштитна маска, со оглед на целата ситуација во која се наоѓаме со пандемијата. Момчето коешто не носеше маска, слушна дека реагирам и ми рече, „ќе видиш надвор кога ќе излезеш, ќе се разбереме“. Можеби 20 минути останав во маркетот и целосно го заборавив овој момент. Платив на каса и излегов. Надвор ме чекаше момчето. Му реков „извини, јас немам ништо со тебе, само забележав на вработените“. Заминав. Но, тој ме тргна, ме удри со бокс и јас повеќе не се сеќавам. Ми кажаа дека сум изгубил свест. Некој од луѓето викнале итна помош, ме однеле во болница. Таму се освестив. По 7 часа ме пуштија од болница, дојдоа другарите да ме земат – раскажува сè уште вознемирен актерот Миленкоски.

Како што тврди по компјутерската снимка на главата, се покажало дека добил потрес на мозокот, дека има скршен лев синус и скршеница на вилицата и дека неколку дена требало да мирува целосно.

– Го пријавив случајот во полиција, ми побараа податоци, а го препознав и момчето на фотографија на Фејсбук. Сè уште не сум добил информации од полиција до каде е расчистувањето на случајот. Но, фрапиран сум од ова што се случува. Во ова време да не си свесен – кој е проблемот на општеството, колку животи млади пандемијата почна да носи, и да се однесуваш како Господ, тоа е страшно – заклучува Миленкоски.

Извор: МЕТА

Next Post

Вистиномер: Лажен, вознемирувачки некролог дека премиерот Заев наводно починал

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk