ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Милевски: Три „Пластикмати“ за рециклирање во Кумановскиот регион, за секое шише граѓаните добиваат поени за пазарење

November 24, 2020 14:54
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од проблемите во североисточниот регион е пластичниот и алуминскиот отпад од шишиња и лименки, со чие неконтролирано фрлање, се создаваат диви депонии и се загадува животната средина. Со цел справување со овој проблем, проектот „За чист град“ во рамки на Североисточниот плански регион предвидува воведување на селекција на овој вид отпад и можност за рециклирање, со помош на машини „Пластикмати“.

– Вкупниот буџет за овој проект е 2 милиони денари, а партнери се ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово и  ЈП Чистота и зеленило, Куманово. Поставени се 3 вакви машини, во три поголеми маркети, во општините Куманово, Липково и Крива Паланка. Целта на поставувањето на овие машини е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со самото учество во процесот односно депонирањето на шишиња и лименки во Пластикматите, граѓаните ќе бидат соодветно наградени со поени кои се конвертираат во денари и кои граѓаните ќе можат да ги искористат за купување на производи во маркетите каде се поставени Пластикматите, појасни министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Според амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер на овој начин, преку стимулација за селекција и реупотреба на отпадот, граѓаните ќе се едуцираат за бенефитите од рециклирањето и ќе се вклучат во самиот процес помасовно, со крајна цел намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.

– Ризиците што произлегуваат од климатските промени, деградацијата на животната средина и природните опасности значително влијаат на отпорноста на системите и заедниците. Заштита на животната средина е глобален проблем и заедничка одговорност и на државите и на граѓаните. Подигањето на свеста за околината и третманот на отпад е клучен прв чекор. Но, само свеста не е доволна. Треба да ги имаме вистинските алатки и партнери на терен што ќе го градат и управуваат системот што ќе им овозможи на граѓаните. Затоа сум среќенa што еден од клучните партнери во оваа иницијатива е ПАКОМАК.

Намалено фрлање пластика во отворени корпи и контејнери, зголемена свесност за избор на отпад и повторна употреба, нови иницијативи за дополнителни пластики ќе бидат најголемата придобивка од овој проект. Сакаме овој проект да биде мотивација и повик активно да се користат Пластикматите. Уште еднаш, увидовме како преку учество на граѓаните добиваме иновативни идеи кои имаат корист и за животот на луѓето и ја штитат нашата околина. Искрено ја поздравувам оваа иницијатива на Североисточниот плански регион за препознавање на потребите за овој вид на проект, додава таа.

Од компанијата Пакомак, преку Пластикматите кои се домашно производство, се очекува да бидат собрани од 300 до 400 шишиња дневно од една машина, односно од 900 до 1200 шишиња дневно од сите 3 машини, да има 100 проценти поврат на пазарната вредност на пластичната амбалажа/алуминиумот односно од 0.4 до 0.5 денари по шише. Исто така според проценките планирано е од  1000 до 1500 потрошувачи-граѓани кои рециклираат да го употребуваат пластикматот, со тенденција за зголемување со зголемувањето на популарноста на оваа машина.

Главните цели на проектот се намалено фрлање на пластика во отворени корпи за 300 до 400 отпадоци дневно, зголемена свест за селектирање и реупотреба на отпадот кај минимум 10 – 15 отсто од населението.
Next Post

Во прилепската болница има 30-ина слободни кревети и доволно персонал, стигнуваат волонтери матични лекари

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk