ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Франкофонијата е додадена вредност во мултикултурниот мозаик на Северна Македонија

November 24, 2020 19:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше видео обраќање на 37-та министерската конференција на Франкофонијата, на која ја изрази својата целосна поддршка за трансформација на Франкофонијата, насочена кон поефикасно функционирање, засновано врз транспарентност, агилност и строгост.

-Ја потврдувам нашата цврста осуда за терористичките акти и насилниот екстремизам, без оглед на мотивите и изразувам целосна солидарност со земјите-членки и Владите на Франкофонијата, кои беа погодени од овие варварски акти, нагласи Османи, додавајќи дека кризата на Ковид-19 ги истакна тешкотиите во спроведувањето на образованиот систем со што се открива итна потреба за донесување на решение за намалување на дигиталниот јаз.

Османи, како што соопшти Министерството за надворешни работи, истакна дека Франкофонијата е додадена вредност во мултикултурниот мозаик на Република Северна Македонија.

-Културното влијание на францускиот јазик има долга традиција која континуирано се ажурира, со активности во рамките на Франкофонијата, а покрај тоа, ја потврдувам важноста на придонесот на Франкофонијата за унапредување на правата на жените и суштинската улога што ја имаат во политичкиот, економскиот, културниот и социјалниот живот на сите  држави и Влади во организацијата, кои беа тешко погодени од кризата, нагласи Османи. Посочи дека Северна Македонија ја потврдува заложбата за промовирање на францускиот јазик и повеќејазичност во контекст на оваа криза.

Република Северна Македонија, како што се наведува во соопштението, го поздравува основањето на Франкофонска алијанса за образование во корист на францускиот јазик во рамки на меѓународните организации. 

Next Post

Спасовски: Владата е тука да направи се за заштита на здравјето, ако почитуваме мерки нема полициски час

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk