Заев за БГНЕС: Активистот од ВМРО-ДПМНЕ што го запали бугарското знаме ќе сноси одговорност, говорот на омраза мора да запре. Во однос на историјата, Заев рече дека С Македонија и Бугарија имаат општа, заедничка, а не споделена историја и дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонцитe.
Османи: Нема раскол во ДУИ. Но предноста на ДУИ е што секогаш овие дебати завршуваат на ниво на партијата и мислам дека така ќе биде и овојпат., рече Османи на новинарско прашање дали постојат превирања во партијата по најавите за поднесување интерпелации за него и за првиот вицепремиер Артан Груби.
Во тек се девет вонредни инспекциски надзори за помлади пациенти кои починале од Ковид-19. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова.