ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Падот на авиосообраќајот е речиси идентичен во земјите од регионот, предничат Црна Гора и Словенија (ИНФОГРАФИК)

И покрај огромните негативни последици што ги трпат аеродромите во земјава, статистичките податоци за Балканскиот регион покажуваат дека падот на авиосообраќајот е речиси идентичен како во Македонија, така и во соседните земји Грција, Бугарија и Србија, па дури и Албанија која изминатово лето имаше отворени граници за влез без ПЦР тестови, регистрира намалување на авиосообраќајот од речиси 60 отсто. Сепак, Словенија и Црна Гора со намалување од над 80 отсто на бројот на патници на аеродромите предничат во целиот регион.

November 26, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-19 пандемијата во првите десет месеци од годинава предизвикала македонските аеродроми да изгубат над 1,5 милиони патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Огромните штети што ги трпи авиосообраќајот продолжиле и во октомври 2020 година, кога низ портите на аеродромите во Скопје и Охрид минале само 54.941 патник, пишува Мета.мк.

Од јануари до октомври 2020 година во воздухопловниот превоз се регистрирани 686.732 патници, што е историски најмал број на превезени патници во изминатава деценија. Колку за споредба, во идентичниот период лани на македонските аеродроми имало 2.282.047 патници. Изразено во проценти, намалувањето на бројот на превезени патници во првите десет месеци годинава изнесувало 69,9 отсто во однос на истите 10 месеци од 2019 година.

И покрај огромните негативни последици што ги трпат аеродромите во земјава, статистичките податоци за Балканскиот регион покажуваат дека падот на авиосообраќајот е речиси идентичен како во Македонија, така и во соседните земји Грција, Бугарија и Србија, па дури и Албанија која изминатово лето имаше отворени граници за влез без ПЦР тестови, регистрира намалување на авиосообраќајот од речиси 60 отсто. Сепак, Словенија и Црна Гора со намалување од над 80 отсто на бројот на патници на аеродромите предничат во целиот регион.

Состојбата со авиосообраќајот во нашата земја не се очекува да се подобри ниту во зимските месеци. „Катар ервејс“, „ФлајДубаи“, „Ејџиан“ и „ЛОТ“ нема да летаат претстојнава зима од Скопје, додека „Визер“ се одлучи да го намали засега за 77 отсто капацитетот на понудените седишта за нејзините летови во еден правец од Меѓународниот аеродром Скопје и за 85,2 отсто од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за претстојнава зима во споредба со минатата година, објави „Ex-Yu Aviation.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без струја дел од Шуто Оризари

July 3, 2025

Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

July 3, 2025
Фото: Телеграм канал на Регионалната воена управа на Одеса

Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk