30 години се изнагледав и изнаслушав разни “патриоти” кои ја бранеа македонштината, идентитетот, националните интереси.. .30 години паралелно во оваа моја Преспа со тага гледав како тонат во незаборав симболите и монументите на тој толку “бранет” идентитет, напиша новинарот Борјан Јовановски на својот ФБ профил.
„Денеска конечно доживеав да видам дека сепак некој ќе се погрижи за нив. Македонскиот национален идентитет ќе опстане и покрај сите демагогии на негова сметка. Започнува реконструкцијата на првото училиште во Преспа, второ на територијата на државата во кое започна настава на македонски јазик и реконструкцијата на монументалното дело на нашите предци- фрескописот во црквата Св Ѓорѓи во Курбиново. Градиме иднина со силата и аманетот на нашите предци“, напиша Јовановски.