Филипче до Мицкоски: Срамни лаги на лидер на партија, кревети и кислород има, макотрпно работиме да ги обезбедиме. Филипче го повика Мицкоски на Клиниката за уво, нос и грло на пример, најновото спремно Ковид одделение, за да се увери.
Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат. Апелирам на почитување на мерките, како едиствен начин во моментов целосно да ја стабилизираме состојбата, истакна вчера министерот за здравство.
Уште една жртва на ковид 19 во лекарската фела, почина ортопедскиот хирург Драган Спасески. Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид преку писмено соопштение изрази големо жалење поради загубата на својот долгогодишен доктор, истакнатиот македонски ортопед, поет и ликовен уметник, доктор Спасески.
Филипче во посета на Прилеп, ќе се разговара за епидемиолошката состојба во градот. По зголемениот број на заболени, градоначлникот д-р Илија Јовановски побара воведување порестриктивни мерки во градот.