ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Рикер до Заев, ве охрабруваме да ги решавате билатералните спорови надвор од евроинтеграциите, Каракачанов се самопрогласи за премиер и продолжи со својот вулгарен популизам…

November 29, 2020 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Рикер до Заев: Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералните прашања надвор од евроинтеграцијата на С.Македонија. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува, нагласува амбасадорот Рикер во писмото.

Силвестри: Европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи настрана од проблематики вкоренети во историјата. Италија се бори со сите сили во Советот на министри што е можно побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, посакува надминување на моменталната блокада, која настана по бугарското вето и апелира на здрав разум до сите.

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години. Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има за дефицитарни кадри од областа на здравството и во високото образование, но тоа ќе биде регулирано со други закони.

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии. Сакаме решение кое ќе биде одржливо и корисно за двете земји. Какво било решение кое задира во овие прашања, ќе биде причина за дополнителна недоверба, а не причина за нова енергија и верба во односите меѓу нас и Бугарија, рече Шекеринска.

Каракачанов се самопрогласи за премиер и продолжи со својот вулгарен популизам. Каракачанов, во уште една крајно неодмерена изјава за бугарските медиуми, намерно или не, ја откри својата амбиција да биде премиер на Бугарија. -пишува Џабир Дерала.

Актуелните мерки даваат резултати, нема потреба од нови. Што се однесува до брзите тестови, има доволно. Со донациите на располагање се преку 100 илјади брзи тестови.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов најави неколку капитални проекти за Штип.

Србија го прогласи црногорскиот амбасадор во Белград за „персона нон грата“, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор.
И.Т.З.
Next Post

Намерно или не, Јанушев потврдува дека неговата партија организира и поттикнува антибугарската пропаганда

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk