Србија возврати со иста мера кон Црна Гора и реши да го прогласи црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ, за персона нон грата.
Одговорот од Белград доаѓа по одлуката на црногорското Министерство за надворешни работи да го протера српскиот амбасадор, Владимир Божовиќ, со образложение дека тој се меша во внатрешните работи на земјата.
„По подолго и континуирано мешање во внатрешните работи на Црна Гора, преку однесувањето и изјавите кои се невообичаени и неприфатливи за дипломатските функции, како и по повеќе усни и писмени предупредувања за ваквото однесување, вчера амбасадорот Божовиќ нелегално и нелегитимно го нарече Подгоричкото Собрание од 1918 г. за ‘ослободувачко’ и ‘слободна волја’ на црногорскиот народ. Со тоа, уште еднаш на најдиректен начин ја омаловажи државата која му даде дипломатско гостопримство“, соопшти црногорското МНР.
Белград возвраќа со иста мера и одлучи да го прогласи Милошевиќ за персона нон грата и да побара тој да ја напушти земјата.