Рикер до Заев: Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералните прашања надвор од евроинтеграцијата на С.Македонија. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува, нагласува амбасадорот Рикер во писмото.
Силвестри: Европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи настрана од проблематики вкоренети во историјата. Италија се бори со сите сили во Советот на министри што е можно побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, посакува надминување на моменталната блокада, која настана по бугарското вето и апелира на здрав разум до сите.
Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години. Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има за дефицитарни кадри од областа на здравството и во високото образование, но тоа ќе биде регулирано со други закони.
Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии. Сакаме решение кое ќе биде одржливо и корисно за двете земји. Какво било решение кое задира во овие прашања, ќе биде причина за дополнителна недоверба, а не причина за нова енергија и верба во односите меѓу нас и Бугарија, рече Шекеринска.
Каракачанов се самопрогласи за премиер и продолжи со својот вулгарен популизам. Каракачанов, во уште една крајно неодмерена изјава за бугарските медиуми, намерно или не, ја откри својата амбиција да биде премиер на Бугарија. -пишува Џабир Дерала.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов најави неколку капитални проекти за Штип.