Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата 24 анализа на ТВ 24, рече дека гасификацијата е еден од приоритетите на владата.
Тој истакна дека кракот кој поминува низ од Куманово, преку Штип до Неготино, Прилеп и Битола, веќе е реализиран со над 90% прогрес и реализација, а кракот магистралата од Скопје преку Тетово и Гостивар веќе има реализација над 65%. Паралелно се работи на поврзување со Косово и Грција.
„Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас, со тоа што ќе се снабдува Косово и во иднина и Црна Гора, преку интерконекторот кој доаѓа од Грција.“ – рече Бочварски.
Тој порача дека во однос на гасификацијата на градовите нема потреба опозицијата да поднесува амандмани за трошење на буџетски пари, зошто владата веќе е во процес на јавно приватно партнерство со компанија и веќе има две заинтересирани турски компании за гасифицирање на сите градови во државата без трошење на буџетски сретства.
Околу 350 милиони евра ќе вложи приватниот партнер за гасификацијата на градовите, пробемот е што изминатите 20 години немаше никаков прогрес во спроведувањето на гасификацијата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.