ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Чудни закони и забрани во светот – Во Сингапур не смее да се џвака гума за џвакање

November 30, 2020 14:56
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Различни земји, држави, религии и култури во светот со текот на времето си создале свои табуа, закони и забрани, од коишто некои се, најблаго кажано – чудни.

Во Сингапур не смее да се џвака гума за џвакање! Постојат неколку верзии за настанувањето на забраната за употреба на овој производ, кој можете да го купите само во аптека со лична карта. Не е познато точно зошто гума за џвакање е забрането, но приказната говори дека гума за џвакање фрлена од еден граѓанин предизвикала дефект во метро и предизвикала штета од милиони долари… Некои веруваат дека забраната е воведена за да се спречи изџваканите гуми да се фрлаат на земја и да се намали загадувањето на животната средина. Како и да е, при патување во Сингапур, на тоа треба да обрне особено внимание.

Во Канада, децата не треба да се ставаат во дубалка! Оваа забрана е мотивирана од убедувањата дека дубалките го забавуваат умствениот развој на децата, па дури може и да го загрозат нивниот живот.

Не смеете да „тресете“ теписи во некои делови на Турција, но и во Велика Британија. Од друга страна, пак, во оваа западноевропска земја, тресењето постелнина на тераса, не е забрането.

Во Швајцарија, не смеете да му подвикнете на куче што лае. Швајцарија е една од земјите каде што заштитата на правата на животните е најстрога во светот. Така што, тука, незаконски е да удрите, но и да свикате или да му се заканите на куче коешто лае.

Забрането муртење! Во Италија, земја на весели, насмеани луѓе, односно, поточно во Милано, забрането е да се муртите. Овој стар закон, кој е на сила многу години, се занемарува само на погребни поворки и в болница.

Во Австралија, поточно во сојузната држава Викторија, забрането е носење розови панталони. Причината е непозната, но спротивно на законот е да се носат розови панталони во ден недела.

Без чудни имиња за деца! Ова важи во Нов Зеланд, Данска и Шведска, каде што семејството мора да избере име за своето дете од списокот подготвен од државата.

Нема возење без кошула! Возењето автомобил и тоа само по маица по прерамки, е забрането на Тајланд. Ако седнете зад волан, мора да носите кошула.

Забрането поседување над 110 килограми компири! Во Западна Австралија еден човек не смее да складира повеќе од 110 килограми компири дома. /МИА/

Next Post

Беса Арифи: Игнорирањето не е решение

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk