Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 24-ти до 30-ти ноември, во општина Прилеп имало 402 нови случаи на коронавирус.
Од последици на коронавирусот, починале 17 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 1.000, од кои 833 лица се наоѓаат на домашно лекување, 119 на болничко, а 48 се лекуваат во дневната болница, на кислородна поддршка се наоѓаат 92 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.805 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.010.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починало 131 лице.
Ј. Ѓ.