Регистрирани 1.342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65.231, бројката на оздравени пациенти е 41.656, на починати е 1.847, а бројот на активни случаи изнесува 21.728.
Бучковски треба да биде мотиватор за спроведување на Договорот со Бугарија, вели Заев. Премиерот денеска изјави дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.
Со над 500 амандмани ВМРО-ДПМНЕ блокира измени во Законот за здравствена заштита. 3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието.
Заев: Она што деновиве го прави ВМРО-ДПМНЕ е лажен патриотизам. Сето она што го прават овие денови е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба да се заштити македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои, нели by the way, ги изгубивме со Преспанскиот договор, што само по себе потврдува дека не е точно и е лажен патриотизам и асполутно е на штета на државата, изјави Заев.
Студија: Луѓето без симптоми на коронавирусот се 42 отсто помалку заразни.
И.Т.З.