ВМРО-ДПМНЕ поднеле над 500 амандмани за измените за Законот за здравствена заштита, изјави денеска Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
„Овој факт, оваа информација го демантира тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблем само со промена на Деловникот.
Сè што ВМРО-ДПМНЕ прави овде во Собранието, но и надвор од него е дејствување спротивно на интересите на граѓаните, спротивно на националните и државни интереси.
3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието.
Над 500 амандмани се поднесени за измените на Законот за здравствена заштита.
Сето ова се очајни обиди за блокада на работата на Собранието. Ова е деструктивно дејствување спротивно на интересите на граѓаните чии претставници сме сите ние“, вели Костовски.