ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Инвестициите во фотоволтаици, ветерници и гасификација продолжуваат со засилено темпо, резултатите подобри од очекувањата

December 3, 2020 21:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на денешната промоција на првата најсовремена фотонапонска централа на „ЕВН Македонија“ во Неготинско – Војшанци, истакна дека еден од главните приоритети на Владата е подобар квалитет на животот на своите граѓани, со посебен акцент на инвестициите во енергетскиот сектор преку политики кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, како и унапредување на енергетската ефикасност.
Заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, ја истакнаа важноста од еколошкото производство на електрична енергија. Овој успешно реализиран проект е во рамки на јавниот повик на Министерството за економија, за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи на приватно земјиште.

Премиерот Заев истакна дека сите заложби се насочени на искористување на сончевата енергија која ја имаме во изобилство како земја со 280 сончеви денови годишно и најквалитетен пик на сончева енергија.

„Поставени се нови 62,5 мегавати фотоволтаици, коишто се во фаза на изградба, по пат на јавно-приватно партнерство, а успешно е завршена постапка за инсталација на 100 мегаватна фотонапонска електрана во Осломеј, каде државата очекува најмалку 10% за ресурсите кои ги нуди. Се гради 10 мегавати фотонапонски централи од сопствени пари од страна на ЕСМ во стариот рудник во Осломеј. Пред склучување на договори сме за нови 10 мегавати од Осломеј и нови 20 мегавати во РЕК Битола. Дополнително успешно завршија постапките во Кочани за изградба на 8 мегавати фотоволтаици. На потегот Крива Паланка – Куманово имаме инвестиција потенцијално вредна 500 милиони евра за 400 мегавати ветерница. Се работи на три засебни проекти од вкупно 90 мегавати ветерници на странски инвеститори за во Богданци, Демир Капија и Свети Николе. Истовремено се подготвува локација во Дебарца за 50 мегавати и дополнителни уште 100 мегавати по територијата на целата наша земја. Целта е 400 мегавати фотоволтаици и 200 мегавати ветерници во државата. Паралелно на тоа, разговараме за инвестиција во гасни централи надвор од татковината и дома. Во тек е постапка за инвестирање во вкупна вредност од 25% на 800 мегаватна гасна централа во Александрополус и 10% учество на Северна Македонија во гасниот терминал Александрополус. Вкупната наша инвестиција ќе биде помеѓу 30-35 милиони евра“, наброи премиерот Заев.

Министерот Бектеши рече дека со реализација на оваа инвестиција во рекордно време очекувањата се надминати.

„Министерството за економија како надлежно министерство за политиките во делот на енергетиката, и во иднина ќе продолжи да поддржува активности за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност, со цел реализација на зацртаните цели за учеството на обновливите извори на енергија утврдени во стратешките документи во насока на постигнување на национална цел за заштеда на енергија“, рече Бектеши.

Од ЕВН велат дека централата е изградена во рекорден период од помалку од четири месеци.

„Оваа фотонапонска централа е резултат на плодната соработка меѓу државниот и приватниот сектор. Горди сме што нашата компанија вложува во проекти кои се наменети за заштита на животната средина и особено за намалување на загадувањето. За рекордни неполни четири месеци успеавме да направиме позитивна промена во насока на подобра енергетска иднина на земјата и за здравјето на нашите граѓани“, изјави претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер.

Бифацијалната фотонапонска централа на ЕВН Македонија во Неготино е составена од 4.416 панели со моќност од 335 W, односно инсталирана моќност од 1479 kW и има капацитет од 2,1 GWh за годишно производство на електрична енергија од обновливи извори.

Next Post

Жерновски: Само со пријателство кон Бугарија ќе ја обезбедиме посакуваната иднина

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk