ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Предметот за случајот со рудник Иловица-Штука, повторно се враќа во Второстепената комисија, екологистите најавуваат масовни протести

December 5, 2020 19:44
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија, пренесува Мета.мк.

Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни спорови не дозволува жалба во која управен акт е поништен или прогласен за ништовен, а предметот се враќа повторно на одлучување во јавниот орган. Во конкретниот случај, Управниот суд со своето решение ја уважил жалбата на „Еуромакс ресусрсис“ и го поништил решението на Второстепената комисија, со која се потврди одземањето на дозволата за експлоатација на компанијата за отворање на рудник.

Одлуката, како што веќе пишуваше МЕТА, е донесена на 20 ноември и испратена назад во Управниот суд, од каде треба да биде официјално испратена и до странките во случајот.

На одлуката на Вишиот суд веднаш реагираа и активистите од здружението „Здрава котлина“ кои се револтирани од решението случајот да не добие завршница, туку повторно да се вплеткува во правните лавиринти. Тие најавуваат нови протести, кои, како што велат ќе траат цела наредна година.

„Вишиот управен суд донесе конечно решение со кое се одбиваат сите жалби и останува на сила пресудата на Управниот суд. Со таа пресуда се поништува одземањето на дозволата за експлоатација на ‘Еуромакс ресурси’ и се наложува прво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за одземање на дозволата за експлоатација, велат во „Здрава котлина“.

Посочуваат дека со одземањето на дозволата за експлоатација се доведува во прашање и одлуката за одземање на концесијата, што сметаат дека канадската компанија „Еуромакс ресурси“ повторно ја враќа во игра за отворање на рудник на смртта во овој земјоделски крај. Активистите бараат реакција и од Владата и Министерството за економија и најавуваат дека граѓанското незадоволство ќе го искажат на улица, со масовни протести.

„Овој развој на настани, заедно со сигналите што ги добиваме од свиркачи укажуваат дека почнуваат да бидат видливи ефектите од моќни лобисти кои се вклучени во помолна игра на штета на интересите на граѓаните и локалната заедница. Не можеме да бидеме сигурни и заштитени освен ако самите не се избориме за тоа на терен. Затоа почнуваме со планирање и подготовки за масовни активности во текот на цела 2021 година. Уморни сме од политички ветувања, позадински трзалици и камелеонски тактики. Време е да му се стави крај на ова еднаш засекогаш. Ако е неопходно нека биде и радикално сценарио со ужасен пример и опомена за сите во иднината. Очигледно 2021 ќе биде експлозивна година кога народниот гнев ќе се истури врз сите што упорно си го бараат, посочуваат од „Здрава котлина“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk