пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
Поради итноста на ситуацијата,
итен пленум одржа
Президиумот на левата рака на Организацијата.
По повеќечасовна самопрегорна дискусија,
итни мерки се предложија –
како да дојдат повеќе луѓе
на протестите за спас на Македонија?
До Десната рака на Организацијата,
и до сите други во опозицијата,
Директно од пленум дојде ултиматум
за спас на ситуацијата:
Прво, протестите да почнуваат секој ден во пет и пол, а не во 6!
Второ, протестите да не почнуваат на паркингот кај хотелот Александар Палас, туку кај салата Борис Трајковски, или кај Зимскиот базен во Карпош!
И трето, што почесто да се извикува „Да живее Зоран Заев“! Така може некој и ќе се излаже да застане, бар да заличиме на протест…! 