Портпаролот на Владата на РС. Македонија, на Твитер ја демантира објавијата од порталот Пресингтв.мк, кој објави лажна вест. Ова е лажна вест. Ниту едно име, ниту еден македонски град нема да биде променет, стои во твитот на Портпаролот од Владата.
ВМРО-ДПМНЕ уште мавта со речникот на Груевски, освен хајки, лажни вести и деструкција не нудат ништо друго. Партијата предводена од Мицкоски не е мрдната од режимската матрица, велат од СДСМ.
Во ФРОНТ колумна на Бранко Тричковски – „Да го изгаснеме огнот на историјата со нашите мочки“. Академијата без наука, Црквата без вера и Универзитетот без образование, не ја бранат Македонија, туку својот статус во Македонија, дури, би рекол, не ни својот статус толку колку безвезноста, испразноста, реалното ништавило на својот статус, замачкано со кремата на националниот модел, на парадноста, на кичот и пијанството.
Никола Димитров денеска од Штип – Важно е Штип да добие градоначалник, на 13 декември гласајте за број 2, за Сашко Николов.
Орданоски во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА, „Нема забранети теми, но има забранет начин на кој се дискутираат темите“. Орданоски говори на темите национализам, говор на омразата, мултикултура.
Филипче: За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана но не е задолжителна. Вакцинацијата за Ковид 19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинара.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19. Починати се 23 лица. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти.
Во АХА, Петрит Сарачини „Важно известување!“. Поради итноста на ситуацијата, итен пленум одржа Президиумот на левата рака на Организацијата.
Хајка кон авторот на истражувањето за комитетот на ЕП што ги посочи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како извори на дезинформации.
Ј. Ѓ.





