Портпаролот на Владата на РС. Македонија, на Твитер ја демантира објавијата од порталот Пресингтв.мк, кој објави лажна вест дека во следниот период се oчекува да се избршиле „Македонска“ од името на гратчето Македонска Каменица и таа ќе остане само Каменица, додека најверојатно новото име на Македонски Брод ќе биде Брод на Република Северна Македонија или само Брод, како што пишува во Твитот, на Пресинктв.мк.
Ова е #ЛажнаВест. Ниту едно име, ниту еден македонски град нема да биде променет. Граѓаните имаат право да бидат точно информирани. Затоа сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес. Ваквите манипулации се прават само за да се вознемират граѓаните. pic.twitter.com/UfgMpUuQDb
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) December 6, 2020
„Ова е #ЛажнаВест. Ниту едно име, ниту еден македонски град нема да биде променет. Граѓаните имаат право да бидат точно информирани. Затоа сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес. Ваквите манипулации се прават само за да се вознемират граѓаните. реагираат од Владата.
Ј. Ѓ.