ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Крива Паланка „Ретроспективна изложба на скулптури -30 години творештво на Нела Јанковска“

December 6, 2020 09:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Скулптурите создавани во изминатите 30 години творење на академски скулптор Нела Јанковска од Крива Паланка, од синоќа се изложени на ретроспективната изложба во Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка.

Изложбата содржи седумдесетина скулптури и дела од Јанковска, а нејзината уметничка сторија беше прикажана и на докуметарен филм продуциран по повод тридеценискиот јубилеј.

-Вечерва славиме 30 години творештво на нашата сограѓанка, пријателка,професорка но пред се и над се, скулптор, Нела Јанковска. Она што ние посакувавме и реално можевме да го направиме за авторката и јубилејот, го остваривме со претствувањето на делата пред пошироката јавност. Одовде би сакал да честитам и уште еден јубилеј, поврзан и со авторката но и со целокупното интелектуално живеење во градот, а тоа е 60 години од постоење на гимназијата „Ѓорче Петров“, и истакнувам дека сите професори од гимназијата оставија силен впечаток на нас, трасирајќи ни го патот кон понатамошната наобразба и кариера, изјави директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски рече дека со изложените дела на авторката сите кривопаланчани се горди.

-Вие сте богати како личност, со талент и со богато творештво, а делата изложени во Музејот вечерва оставаат буквално без здив. Големо благодарам до вас и посакувам да не удостоите со уште многу вакви јубилејни изложби и да ја зголемите продукцијата на дела. Благодарност до градскиот музеј и сите вклучени во подготовката на изложбата што овозможија да уживаме во она што сте го создале, рече Мицевски.

Авторката рече дека талентот е најголемито природен извор што го псоедува човештвото, има многу таленти во градот, државата, во светот, но не е клучен талентот кој е само четири проценти од се, туку е тоа работата, трудот.

-Отсекогаш сум имала желба создавајќи да формирам еден временски апстракт во кој ги собирам сите мои емоции во делото, се она што не опркужува и тоа да биде како едно време од минатото пренесено во сегашноста, кое ќе патува во иднината. Така и наградената моја скулптура од 2008 која ми е многу драга, а за жал, ја немаме тука, е дел од тој циклус „Временски патници“ , а сите ние сме патници низ времето, минато-сегашно, идно, и верувам дека моите дела во иднина ќе бидат ценети, ќе ги збогатуваат мзуејските збирки. Посакувам и во нашиот музеј да имаме постојана уметничка поставка во која ние авторите од градот ќе оставиме свои дела и белег на времето, изјави Јанковска.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на РС Македонија и локланата самоуправа на Општина Крива Паланка, а вклучени во реализацијата се повеќе локални уметници, како и Центар за аудио-визуелни уметности.

Ова е трета самостојна изложба на Јанковска, по оние во 1997 и 1998. Учествувала на над триесет групни изложби, бројни интернационални ликовни колонии. Во моментот работи како ликовен педагог во ООУ „Х.Т.Карпош“, Ранковце, а член е на Друштвото на ликовни уметници на РС Македонија.

Next Post

(ВИДЕО) Компанијата на милијардерот Безос ќе ја однесе првата жена на Месечината

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk