ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сделано в России

„Хибридното војување“ со дезинформациските кампањи во комбинација со балканската бајатост и простотилак се идеално оружје против демократските процеси. Оттаму, не е чудно што и Европскиот парламент, веќе сосема отворено, ги препознава погубните последици од дејствувањето на политичко-пропагандните и криминалните структури во државите на Западен Балкан.

December 7, 2020 19:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога ќе ги погледнете кампањите за дезинформирање на јавноста, тие често толку апсурдни, што се наметнува прашањето која е нивната цел. Со своите контрадикторности, со плиткоста и грубоста, овие кампањи често предизвикуваат чудење, па и смеење, но и впечаток дека не се работи за кампања, туку само за ниско ниво на политичка свест и неписменост. Малку пописмен и свесен човек ќе ги дисквалификува како кампањи, со индигнација и потсмев ќе ги отфрли пораките од таквите кампањи и ќе одлучи да ги игнорира. Тоа е погрешно.

Примарната цел на кампањите кои користат лажни вести и дезинформации не е да убедат некого во нешто, туку со континуирана врева за сé и сешто, да се предизвика поларизација во општеството и да внесе недоверба во институциите и политичкиот систем на една земја. Пораките и содржините во медиумите и на социјалните мрежи често се неверојатно глупави, но тоа не им е важно на архитектите на овие кампањи, сé додека тие се толку гласни и присутни до таа мера што ја искривуваат реалноста до размери што таа веќе не може да се препознае. И на крајот, станува неважно дали нешто е факт или измислица, важни се емоциите што ги предизвикуваат.

Крадењето или, благо речено, копирањето на пораките од автохтони граѓански движења, копирањето на стилот и вокабуларот на активистите за човекови права, не се само неетички постапки и недостаток на знаење и креативност. Целта е сите да се прикажат како „исти“, дека нема разлика меѓу политичарите и политичките структури. Без оглед на тоа колку одредена власт или институција е транспарентна и отворена, секогаш е ставена под знак прашалник, на неа се гледа со недоверба, па и со нетрпеливост и омраза.

Со други зборови, доколку се крене исто толкава, па и поголема врева, со исти или слични слогани и стилови, се наметнува впечатокот дека се работи за незадоволство на граѓаните против исти или слични структури. Се релативизираат криминалите на едните, а им се припишуваат на другите. Така, „диктаторчето“ Груевски по чија наредба се крадеше, тепаше, прогонуваше, се крадеа избори и се убиваше, се изедначува со појавата на Заев. Судските процеси за невидени криминали и насилство се изедначуваат со режимот на Груевски.

(Предупредување: следи парафраза на говорот на омразата во кампањите за кои говориме во овој напис.) „Груевски крадеше, ама градеше, а Заев и краде и е предавник. Груевски беше во коалиција со Шиптарите (гасни комори за нив!), ама знаеше како да ги контролира, овој Заев се плаши од нив и ги слуша…“ и слични измислици… „Значи, ист е или дури и полош“ – би била пораката со која се искривува реалноста и се придобиваат гласовите и поддршката на оние во чиј вокабулар не постојат поимите како што се „демократија“, „еднаквост“, „владеење на правото“, „независност на институциите“…

Тоа не се наивни стратегии, иако изгледаат гротескно, вулгарно, лажливо и безидејно. Тие начини на „хибридно војување“ со дезинформациските кампањи во комбинација со балканската бајатост и простотилак се идеално оружје против демократските процеси. Оттаму, не е чудно што и Европскиот парламент, веќе сосема отворено, ги препознава погубните последици од дејствувањето на политичко-пропагандните и криминалните структури во државите на Западен Балкан.

Подобро доцна, отколку никогаш, би рекле, иако се чини дека е предоцна. Општествата во Европа, САД и други демократии во светот се длабоко разединети и инфицирани со недовербата на луѓето кон институциите и политичкиот систем. И дел од тамошните политичари ја препознаваат разорната моќ на дезинформациите и често ги користат во оваа ера на „политика на пост-вистината“ кога фактите се истиснати, а емоциите, најчесто негативните, се мета на политичките пораки и дејствување. И конструктивната критика се употребува во таа валкана политичка војна „за истребување“ на политичките опоненти. Едноставно, сé може да се употреби како оружје за искривување на фактите и вистината, па дури и самите факти и вистината, со искривување на контекстите и со замена на тезите.

„Киднапирањето“ или преземањето на идеите и движењата е стара, добро извежбана вештина на рускиот (советскиот) КГБ (Комитет государственной безопасности), сега ФСБ (Федеральная служба безопасности Российской Федерации). Затоа, сега гледате како одредени структури кои се бореле токму против недемократските структури и власти, сега се носители на дезинформациски кампањи чие дејствување е суптилно и внесува забуна, заблуди и недоверба кај луѓето.

Најмалку три објаснувања има таа „смена на дресовите“. Или се изманипулирани, или се преземени по пат на корупција, убедување или притисок, или отсекогаш биле дел од недемократските структури кои само биле „на привремена работа“ во прогресивниот блок во општеството (спијачи).

Дезинформациската кампања ги прави луѓето пасивни и неволни, па и исплашени да учествуваат во политичките и општествените настани и процеси, како што се изборите или референдумите. Кога луѓето со демократски и прогресивни ставови се обесхрабрени или сомничави, тие остануваат дома. Тогаш, на сцена стапуваат оние што на располагање имаат послушна пешадија, тренирана со клиентелизам, страв и манипулации, доаѓа во позиција да креира одлуки преку изборни процеси или преку наметнување на сопствената агенда преку медиумите и социјалните мрежи, односно креира атмосфера на страв и несигурност во земјата.

И на овој текст, како и за сите претходни, имаат одговор. Лош, валкан, плиток одговор во облика на врева, не аргументи. Сето тоа е дел од таа повеќеслојно, скапо платено, најчесто со парите на граѓан(к)ите, подземно дејствување насочено против мирот и стабилноста на демократските општества. Од каде доаѓа знаењето и поддршката? Одговорот е одамна познат, само треба да се отворат очите пред реалноста и да се прочепкаат ушите, да се слушне безброј пати елаборираниот одговор:

Сделано в России.

 

ПС. Борбата продолжува.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СЗО: Не веруваме дека некоја земја ќе има задолжителна вакцинација против коронавирус

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk