ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Д-р Даниловски: Во време на планетарна катаклизма кога вакцината е единствено решение, лаик се дрзна да ја саботира

December 9, 2020 20:47
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во ситуација во која се случува катаклизма на планетарно ниво, во време „воено“, во време кога се умира, се дрзнуваат ловци во матно да ја саботираат единствената мерка која може да донесе разрешување на пандемијата – вакцинацијата!, изјави д-р. Драган Даниловски за Доктори.ком.мк. Реакцијата се однесува на видеото на новинарот Бобан Нонковиќ кое на Фејсбук е обележано како лажна информација.

„Се појавува видео, во кое лаик за медицина мафта со документ на Агенцијата за храна и лекови на САД, во кој е претставен ПЛАН за следење на неповолни настани после отпочнување на вакцинацијата против КОВИД-19 и тврди дека наведените состојби за кои ќе се следи дали ќе се појават, претставуваат потврдени несакани ефекти!

Или поинаку кажано: тоа не е ИЗВЕШТАЈ на случени несакани ефекти по давање на вакцини, туку листа на состојби (неповолни настани) за кои ќе се види понатаму дали и колку често ќе се јавуваат! Националната програма за безбедност на вакцините на САД (Vaccine Adverse Event Reporting System – VAERS) прави разлика меѓу поимите „неповолен настан“ (adverse event) и „несакан ефект“ (side effect) (Understanding the Vaccine Adverse Event Reporting System (VAERS) (cdc.gov) ). На крајот на текстов дадено е пошироко објаснување*.

Понатаму, се појавија написи на некои портали со бомбастични наслови: „ФДА: Починаа шест учесници за време на тестирањето на вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, двајца примиле вакцина, четворица плацебо“, со очигледна намера да се сугерира на читателите (кои во најголем дел читаат само наслови и поим немаат што значи зборот „плацебо“) дека причина за умирањата е вакцината.

Но, ако се прочита понатаму текстот под насловот, ќе стане јасно дека тие шестмина навистина починале во периодот кога се спроведувало испитувањето, но дека причина воопшто не е вакцината! Цитирам од написот во еден од порталите:

„Потврдено е дека во групата на лица кои примиле вакцина, еден учесник со артериосклероза и вишок на килограми починал три дена по првата доза, а друг учесник доживеал срцев удар 60 дена по втората доза и починал три дена подоцна. Во плацебо групата, две лица починале од мозочен и срцев удар, а причината за смртта на уште двајца учесници не е утврдена. Пола од смртните случаи во сите групи биле на над 55 годишна возраст. Ниту еден од смртните случаи, според истражиталите, не е поврзан со вакцината.“

Патем, плацебо групата е контролна група, која воопшто не примила вакцина, туку плацебо (некој неутрален раствор).

Зошто почнаа вакви видеа и наслови да се појавуваат токму сега? Мошне јасно е. Во секој случај, ефтин сензационализам! Очигледно е дека штотуку почнува антивакциналната кампања, како и многу пати досега со други вакцини (и тоа за вакцина која нема да биде задолжителна!) Разликата е што овој пат тоа може да нè чини непотребно загубени животи.

Затоа, не треба ли да има реакција од професионалните здруженија – и медицинските (Лекарска комора, Македонско лекарско друштво) и новинарските (Здружение на новинарите на Македонија)… Но и од Министерството за здравство?

*Систем за пријавување на несакани настани за вакцини (VAERS)

VAERS (Vaccine Adverse Event Reporting System) е национална програма за надзор над безбедноста на вакцините, надгледувана од ЦДЦ и ФДА.

…„Неповолните настани пријавени на VAERS не се нужно несакани ефекти предизвикани од вакцинацијата. Неповолен настан е здравствен проблем што настанува по вакцинирањето, што можеби е или не е предизвикан од вакцината. Овие настани може да бараат дополнително испитување.

По дефиниција, дека еден несакан ефект е поврзан со вакцината се покажува преку научни студии. Пред ФДА да лиценцира (одобри) вакцина за употреба, таа мора да се тестира со волонтери за време на клинички испитувања, за да се осигура дека е безбедна и ефикасна. Несакани ефекти понекогаш се појавуваат во тек на клиничките испитувања.

Најчесто несаканите ефекти најдени во клиничките испитувања се минорни, како што е можна болка на местото на инјектирање и вакцината се лиценцира, бидејќи придобивките од превенција на болеста го надминуваат ризикот од добивање на несакан ефект.

Како дел од сеопфатниот систем за следење на безбедноста на вакцините во Соединетите Американски Држави, VAERS детектира ретки неповолни настани кај вакцините, сигнализирајќи им на научниците дека се потребни фокусирани студии за да се утврди дали неповолниот настан е несакан ефект или медицинска врска не постои.“- вели Даниловски за порталот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk