ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Ако продолжиме мудро кон Софија, ќе ги убедиме дека „не може да ви бидам пријател ако не прифатам кој сте“

December 9, 2020 00:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По ветото од Бугарија, треба да бидеме смирени и трезвени, треба да бидеме возсрасни. Не треба да ја повториме грешката од НАТО Самитот во Букурешт 2008-та кога фативме трета патека. Нашиот вистински пораз е ако дигнеме раце или ако толку се фокусираме на ова прашање кон Бугарија па заборавиме зошто нам ни треба пристапниот процес, а тоа е процес со кој треба Европа да си ја донесеме дома. Не треба да дигнеме раце ниту од изнаоѓање разбирање со Бугарија, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Тој во гостувањето на емисијата „Програми 200“ на Алсат М, посочува дека нашите позиции стојат на многу чист принцип како Лисабонскот договор, кој е уставен договор на ЕУ, а да се зборува за идентитетски прашања не ја тангира само земјата кандидат туку и самата ЕУ како Унија на вредности. Воедно и кај нас и во ЕУ, наведува, има интерес да се најде решение околу ова прашање на линија на европските вредности

-Ако продолжиме мудро кон Софија, ќе ги убедиме и нив дека не може да ви бидам пријател ако не прифатам кој сте. Една изрека вели: „добриот пријател е тој што ви го разбира минатото,  верува во вашата иднина и ве прифаќа токму таткви какви што сте“. За да имате добри комшии треба и да бидете добар комшија, вели Димитров.

Според Димитров не може да се споредува сегашниот проблем со Софија со тој претходниот, потребно е вели, да продолжиме да разговараме, но и оти ќе направиме грешка ако ја насочиме целата енергија кон тој однос со Бугарија  Главната енергија треба да ја насочиме дома, додава тој, на спроведување на реформската агенда.

-Решавањето на големи надворешни билатерални прашања наликува како на освојување планина. И ние последните три години со тоа се бавевме. Пристапниот процес не треба да се идеализира, особено ако е оптоварен со вета. За процесот да функционира мора да биде објективен и да почива на Копенхашките критериуми, дали ние одиме чекор напред и отвораме кластер по ново, или поглавје по старо, треба да зависи од тоа дали судиите си ја вршат работата, дали се независни, дали ни е судството ефиаксно, дали ни се медиумите слободни…Тука треба повеќе да се фокусираме. Ќе има многу добра волја околу нас сега, бидејќи сите гледаат дека ова е неправедно, велат ги исполнивте сите услови како никој досега, уште не можете да почнете пристапни преговори. Зошто да не поканиме држави како Германија, Шведска, Холандија да ни помогнат да си направиме патоказ сега во клучните области, да си засукаме ракави, да си работиме за да бидеме во добра реформска кондиција тогаш кога ќе се отвори оваа врата, вели вицепремиерот Димитров.

Во тој контекст наведува дека во извештаите за напредок, земјата е оценето подобро од земји од регионот кои се веќе многу долги години во пристапниот процес.

-Пристапниот процес е алатка за реформи ако вие го обремените со вета, со истории, со идентитетски прашања тој не може да европеизира, тој ќе балканизира, вели вицепремиерот за европски прашања, додавајќи дека по ветото, сепак има опасност од појава на евроскептицизам во земјава, како и во регионот, за што е свесна и самата ЕУ.

Во однос на тоа што може да се очекува од утрешната посета на специјалниот преговарач Владо Бучковски во Софија, само еден ден по ветото од Бугарија, Димитров вели, рискантно е да прогнозира имајќи ги предвид динамиката и работите на таа релација изминативе недели.

-Главно сигналот е дека не бегаме од разговор, проблемите се решаваат само низ разговор. Ќе разговараме за сите прашања каде што може да се постигне напредок, нема да разговараме за прашања што не можат да бидат предмет на разговор со која било друга држава. Прашањето на кои сме, на јазик е во срцето на нашиот суверенит, тоа е наша работа. Тоа прашање го третираме дека е затворено дома, и дека е затворено во светското семејство, во ОН: Јас сум убеден дека ако сме упорни и мудри ќе успееме во Бугарија да разбудиме една визија на Жељу Желев, човекот под чие лидерство Бугарија ја призна тогаш Република Македонија како независна држава, а тоа е „силата на Бугарија е тоа што таа не посака ништо од Македонија за возврат. Тоа покажува дека немаме никакви задни мисли, ниту скриени цели, туку дека сакаме да бидеме добри соседи“. И ако сме упорни ако сме мудри ќе успееме ова прашање да го надминеме на начин што и двете држави ќе ги порасне, подвлекува вицепремиерот Никола Димитров.

Next Post

Облачно со повремено интензивен дожд, на повисоките планини со врнежи од снег

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk