ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Владата отвори фронт во битката против корупцијата

December 9, 2020 17:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупција, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, учествуваше на неколку конференции кои беа одржани преку видеоконференциска врска.

На конференцијата организирана од страна на Државната комисија за спречување корупција, вицепремиерот Николовски истакна дека во владината четиригодишна програма се поставени јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување соодветни механизми и преку отворена и редовна меѓуинституционална комуникација и соработка.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупција, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, учествуваше на неколку конференции кои беа одржани преку видеоконференциска врска.

На конференцијата организирана од страна на Државната комисија за спречување корупција, вицепремиерот Николовски истакна дека во владината четиригодишна програма се поставени јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување соодветни механизми и преку отворена и редовна меѓуинституционална комуникација и соработка.

„Оваа битка ќе трае многу. Ни треба систем кој чесните и заслужните ќе ги наградува, а нема да ги казнува. Во изминатите три месеци воспоставивме пракса на редовна меѓуинституционална координација и размена на информации. Тука мислам и на олеснување на комуникацијата помеѓу надлежните владини институции и независните кои имат важна улога во брзото процесирање на предметите. Затоа што, недозволиво е на ДКСК да ѝ бидат во просек потребни од 2 до 3 месеци за да реши предмет, како што покажуваат истражувања на невладиниот сектор во Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Корупцијата е комплексен феномен кој бара експедитивна реакција. Оттаму, како вицепремиер стојам на располагање да помогнам, онаму каде што е можно, односно каде тоа се должи на потешкотии во комуникација. Исто така, очекувам дека целокупната борба против корупцијата значително ќе се подобри веднаш штом ДКСК ги развие електронската изјава за имотна состојба и интереси за функционерите и софтверот за непосреден електронски пристап до базите на податоци на 17 институции“, изјави вицепремиерот Николовски.

При тоа Николовски посочи дека во насока на спречување на корупција, се донесе нов поприменлив Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата.

На форумот организиран од страна од Советот на Европа, на тема „Контролирање на ризиците од корупција во кризни состојби“, вицепремиерот Николовски посочи дека за Република Северна Македонија како како земја кандидат за членство во ЕУ, од особена важност е поддршката и соработката со Советот на Европа. При тоа потенцираше дека во соработка со програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, во тек се подготовките за изработка на физибилити студија за потребата од донесување Закон за потекло на имот и капитал на лица кои извршуваат јавни финкции.

На панел-дискусијата организирана од Амбасадата на САД, вицепремиерот Николовски истакна дека еден од приоритетите на Владата е јакнење на институциите, координираност и меѓусебно поврзување на надлежните ининституции кои треба да покажат резултат во борбата против корупцијата. Воедно, Николовски посочи дека транспарентноста и отчетноста се една од клучните алки во спречувањето на корупцијата, на што Владата посветува сериозно внимание.

Next Post

Попладневен преглед: Ставот на Бугарија е ирационален и навредлив, средба Бучковски - Захариева: Подготвени сме за целосна имплементација на Договорот...

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk