Како изгледа еден ден на Сашко Николов, еден од петте кандидати за градоначалник на Штип.
Дел од тимот на Фронтлајн успеа да го проследи денот на Д-р Сашко Николов кој е актуелен кандидат за градоначалник на локалните избори во Штип, во текот на изборната кампања.
И покрај неговата динамична агенда како кандидат во трката за градоначалник, на Д-р Николов секој ден му започнува со волонтирање во КБ Штип.
Неговото основно мото е дека здравјето на граѓаните е пред се и дека секој придонес кон здравствениот систем е важен во ваква состојба на пандемија.
Денот на Сашко е навистина динамичен и преполн со активности, состаноци , разговори со граѓаните и телефонски повици.
Иако дневната агенда му е преполна и скоро да нема простор за одмор , секогаш изгледа како тоа да го прави со леснотија и насмевка на лицето.
Другарите за него велат дека иако работи една од најсериозните професии , тој е најпозитивен и насмеан во друштвото. И ние бевме сведоци на тоа.
Во краткото видео успеавме да пренесеме неколку инсерти од неговиот ден.
Д-р Сашко Николов е интервентен кардиолог , сопруг и татко на две малолетни деца. Тој е еден од првите 20 интервентни кардиолози Кои ги прават протоколите за миокарден инфаркт на Балканот.
Покрај тоа Николов е и каратист и поседува црн појас. Тој вели дека и покрај многуте обврски секогаш наоѓа време за физичка активност.
Николов е актуелен пратеник во Собранието и кандидат за градоначалник на Општина Штип.