ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Борисов: Сегашните и идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис

December 10, 2020 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот премиер Борисов верува дека можат да се најдат решенија за надминување на историските спорови кои неговата земја ги наметна како услов за Северна Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Бугарија во изминатиот месец на двапати го блокираше усвојувањето на Преговарачката рамка со која формално требаше да започнат преговорите меѓу Скопје и Брисел, пренесува Дојче веле.

Изнаоѓањето одржливо и трајно решение за отворените прашања, според бугарскиот премиер, се крие во прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен преку конкретни активности.

„Отсекогаш верував дека решенијата можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да и’ простат ниту на Бугарија, ниту на Република Северна Македонија доколку не најдеме компромис што ќе даде перспектива“, оценил Борисов на денешната средба со специјалниот пратеник на македонската влада Владо Бучковски во Софија.

Според Борисов, односите на меѓусебна доверба можат да се вратат само преку стриктно и неповратно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство од 2017 година.

Бучковски вчера се сретна и со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, оценувајќи ги разговорите како конструктивни.

Истовремено, двете влади си разменија обвинувања и критики. Официјална Софија му префрли на Скопје дека е заложник на „наследен тоталитаристички историски наратив“ и го обвини дека ги дезинформира и македонската и европската јавност.

Одговори премиерот Зоран Заев со став дека однесувањето на Бугарија „не е ни европско, ниту братско“ и возврати дека Софија го прекршила Договорот за пријателство.

„За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство”, рече Заев во обраќање до нацијата.

Next Post

Заев – Јанакакис: Поддршка за пристапниот процес во ЕУ, политичката волја за решенија е европски начин на однесување

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk