Тројца студенти од Правниот факултет излегоа со своја хуманитарна иницијатива под име “Биди Херој ” или Wish upon A hero.
“Драги наши,
Ве поттикнуваме да се вклучите во нашите идни хуманитарни акции за да осветлиме барем малку нечија иднина и да олесниме некому во овие тешки времиња.
Следете не во текот на наредната недела за подетални информации околу нашата прва иницијатива.
Сподели љубов- подари насмевка.” – стои на нивниот инстаграм профил
Првиот настан организиран од иницијативата Биди Херој се случува денес
“Од срце ја најавуваме нашата прва акција. Да бидеме хумани и да им помогнеме на децата од специјализираното училиште ДУЦОР “Партенија Зографски” да имаат поубаво и поспокојно секојдневие.Ве очекуваме, за сите заедно да придонесме за едно поубаво и посплотено општество, но се разбира на дистанца и со соодветна заштитна опрема.
Голема благодарност до градоначалникот Стефан Богоев и општина Карпош кои ни овозможија место за собир на овие донации и ја подржаа нашата иницијатива.
Сите заинтересирани и хумани граѓани можат да донираат за децата од специјализираното училиште ДУЦОР “Партенија Зографски”.