Претседателот Стево Пендаровски испрати јасна порака по повод Меѓународниот ден на човекови права во која истакнува дека поради низа структурни нееднаквости и системски неправди, поради говор на омраза, дискриминација, насилство и нетрпеливост кон различностите милиони луѓе, за жал, сеуште не ги уживаат универзалните права.
“Пандемијата на Ковид 19 уште повеќе го нагласи значењето на доследно почитување на правата на сите. Да не бидеме рамнодушни и да не игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, коешто може да ескалира во некаква форма на насилство.
Со уште поголема посветеност да се залагаме за заштита на човечкото достоинство, со посебно внимание кон ранливите членови на нашето општество.
Човековите права треба да се почитуваат секаде и секогаш, без исклучок.” – порача во својата порака по повод Меѓународниот ден на човекови права, претседателот Стево Пендаровски.