Бугарија е целосно сама во спорот со Северна Македонија, нејзините позиции се нерзбирливи за другите членки на ЕУ, што ја става во групата проблематични земји, како што се Полска и Унгарија, оценува Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи и директор на Канцеларијата во Софија.
Во поголемиот дел од изминатата деценија и половина, ЕУ генерално можеше да смета дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе дојде на помош за сè, но случувањата во текот на оваа година покажаа дека ни популарната „Мути“ не можеше да направи сè да биде подобро, оценува бриселскиот портал „Политико“.
Заев на „Утрински брифинг:
– За жал, национализмот е присутен секаде по европскиот континент, дури и во многу поразвиени демократии од нашите, и е навистина присутен, го гледаме, дава резултати овде, дава резултати во Бугарија. Мицкоски игра со национализмот и сака народот да го држи во заложништво, но ние одиме напред кон подобро утре.
– Оваа Влада овозможува широка консултација за стратешките прашања од интерес на граѓаните, но нема да дозволиме од тоа да се прави партиски политички профит.
– Ние сме градители, градиме пријателство. Ние не правиме штета на регионот, ние сме мирољубив народ. Политиката на државата е навистина европска и прифативме дијалог за прашања за кои можеме да разговараме. Остануваме посветени да најдеме решенија за отворените прашања со Бугарија.
– Нашиот македонски народ и македонски идентитет се наше право на самоопределување. Европа мора да остане на своите фундаментални вредности, европски вредности, а тоа е да ги негува сите идентитети на европскиот континент, ние овде го негуваме целиот европски идентитет, должност на Европа е да го негува и нашиот македонски идентитет.
Пендаровски: Човековите права треба да се почитуваат секаде и секогаш, без исклучок. Претседателот испрати јасна порака по повод Меѓународниот ден на човекови права во која истакнува дека поради низа структурни нееднаквости и системски неправди, поради говор на омраза, дискриминација, насилство и нетрпеливост кон различностите милиони луѓе, за жал, сеуште не ги уживаат универзалните права.
ЦИВИЛ им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува!
Со изведување на материјални докази – анализа на телефонска комуникација денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 499 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
На британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската унија поради сегашните рестриктивни мерки воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Европската комисија најави дека Велика Британија нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“.
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети дополнителни 250 милиони долари за поддршка на развојот на нискобуџетни и полесни за доставување третмани и вакцини против КОВИД-19, јавува Ројтерс.
Продавница H&M во Стокхолм спроведува програма за рециклирање облека што врти стари влакна од веќе носена облека во нова облека.