„За жал, национализмот е присутен секаде по европскиот континент, дури и во многу поразвиени демократии од нашите, и е навистина присутен, го гледаме, дава резултати овде, дава резултати во Бугарија… Нашиот опонент игра комплетно на ова карта дома, во Македонија. И во едни такви околности мене ми е јасно дека ова е една вечна борба сега, на пркосот кон колективното, кон европското, кон вредностите, кон животот, кон она што е секојдневие за граѓаните или чукањето во градите под превезот на национализмот ама сепак држејќи го во заточеништво својот народ или прогресот на својата земја. Ние 30 години видовме што значи тоа, доволно е, треба да чекориме напред заради тоа што нашите граѓани чекаат подобро утре за нивните деца, повеќе од тоа што денеска го имаме, очекуваат европско владеење на правото, очекуваат европски школи, градинки, здравство…“- зборуваше премиерот Зоран Заев, во „Утрински брифинг“ потенцирајќи ја погубната политика на ВМРО ДПМНЕ која има за цел само да ја освои власта, без да внимава на државните интереси и животот на граѓаните.
Д. Е.