(ВИДЕО) Борисов: С.Македонија сама решава на кој јазик зборува, никој не го барал тоа од вас, особено не јас. Борисов на средбата со Владо Бучковски рече дека бил изненаден од изјавата на неговиот пријател Зоран Заев кој го обвинил дека работел на подигнување на личниот рејтинг и дека Бугарија не го почитувала Договорот за добрососедство и пријателство.
Борисов: Сегашните и идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис. Истовремено, двете влади си разменија обвинувања и критики. Официјална Софија му префрли на Скопје дека е заложник на „наследен тоталитаристички историски наратив“ и го обвини дека ги дезинформира и македонската и европската јавност.
Смилов за ДВ: Бугарија може да добие „црвен картон“ поради спорот со Северна Македонија. Бугарија честопати се наоѓаше во губитничка позиција во однос на нејзината македонска политика: најмалку две национални катастрофи беа директен резултат на тоа. Се разбира, вината за овие трагедии може да им се префрла и на нашите соседи и на големите сили – -пишува Смилков.
Бугарија го преименува празникот 24 Мај во Ден на бугарската азбука. Милен Михов од „Обединетите патриоти“ ја спореди позицијата на БСП со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој рече дека словенското писмо дошло во Русија од македонските земји.
Заев: Пописот на пролет е фиксна работа. Апелирам до Собранието брзо да го донесе Законот, заради тоа што е заглавен во Собранието и треба, според мене, да го донесат до крајот на годината за навреме да бидеме подготвени“ порача Заев.
Законот за попис помина во прво читање, опозицијата најави амандмани. Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека власта овој закон го изготвила нетранспарентно без консултација со сите заинтересирани страни, вклучително и без опозицијата.
Заев: Не замижувајте пред кои било форми на дискриминација. Да креираме и имплементираме мерки, напиша тој, за подобар, поотпорен, праведен и одржлив општествен систем кој, како што вели, се грижи за сите подеднакво без исклучок, порача Заев.
Мицкоски со автосугестивна изјава: Јас сум единствениот што се бори и стои на браникот на криминалот. -Јас сум единствениот што се бори и стои на браникот на криминалот – изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на телевизија 24 и како да потврди дека тој е предводник на криминалот во државата.
ЗаТатковинатаСоЉубов е платформа на која луѓето, волонтерски, даваат мислење, експертиза или совет.
ДСЗИ утре ќе спроведе инспекциски надзор за смртта на 28-годишниот пациент од ковид 19. Досега ДСЗИ има иницирано вкупно 25 вонредни надзори за сите, условно речено, помлади пациенти, од кои три само од последнава недела.
Хоспитализирани 1.313 ковид-пациенти во болниците во земјава. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Вистиномер: Бобан Нонковиќ шири дезинформации, ФДА не утврдила нус појави на вакцините против Kовид-19. Видео на Фејсбук шири дезинформации за ефектите од вакцините против ковид-19. Видеото за многу кратко време стана вирално, односно во моментот на нашата проверка тоа имаше 2.900 реакциии, 68 коментари и 5.100 споделувања, пишува „Вистиномер.мк“ во својата нова анализа.
Бочварски: Зелените коридори се еден од најуспешните примери на регионална соработка. Во рамки на Западен Балкан ваквите коридори се воспоставија на почетокот на КОВИД-19 пандемијата, со цел да се спречи недостиг на есенцијална стока и медицинска опрема.
И.Т.З.