ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За една недела затворени четири угостителски објекти, засилени инспекциски контроли за време на новогодишните празници

December 10, 2020 14:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Засилени инспекциски контроли во угостителските објекти во пресрет на новогодишните празници за да се превенираат евентуални новогодишни  прослави ќе има, а инспекторите ќе се организираат во зависност од тоа какво решение ќе се донесе во однос на нивната работа, најавува претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска. Пазарните инспектори од 30 ноември до 6 декември, меѓу останатото, како што соопшти таа денеска, изрекле  решенија за затворање на четири угостителски објекти, три во Гостивар и еден во Скопје, за работа по 21 часот и повеќе гости на маса од дозволеното.

-Апсолутно дека ќе има засилени контроли, но ќе зависи од тоа како ќе биде решението. Инспекциските служби не учествуваат во  процесот на донесување одлуки дали ќе работат, нема да работат, дали ќе има некакви промени во однос на  работењето на угостителските објкети. Во зависност од тоа што ќе се одлучи, така и ќе се организираме. Без разлика, онака како што стојат сега работите  инспекторите, особено од Пазарната инспекција, но и од сите други, се постојано на терен и секојдневно максимално ги искористуваат капацитетите и како се приближуваат празниците  ве уверувам дека уште повеќе ќе ги интензивираат надзорите, рече Филиповска Грашкоска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната редовна прес-конференција за активностите на инспекторатите .

Претседателката на Инспекцискиот совет соопшти дека од 30 ноември до 6 декември пазарните инспектори извршиле 3.129 контроли и 490 вонредни инспекциски надзори од кои најголем дел  за почитување на протоколите за отворање и работа на угостителски објекти, при што изрекле  30 прекршочни пријави и по 44 решенија и прекршочни платни налози.

– Врз основа на Законот за заштита на население од заразни болести пазарните инспектори донеле  четири решенија за забрана за работа на четири угостителски објекти, три во Скопје и еден во Гостивар во кои констатирале дека не се почитувал протоколот, односно работеле по 21 часот со повеќе гости на маса отколку што е дозволено. За овие правни лица и одговорните лица се изречени прекршочни платни налози, рече Филиповска Грашкоска.

Next Post

Бухова: Вонреден инспекциски надзор за починатиот 28-годишен пациент

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk