Нашата прекрасна Македонија е планинска земја. Речиси 80% од територијата на државата ја сочинуваат планините.
Македонија е главно планинска земја со просечна надморска височина од 832 м. територијата на земјата може да се поделат во две групи: шарски планински венец (динарски венец) и осоговско-беласички планински венец (родопски венец). Планините во шарскиот планински венец се одликуваат по тоа што се млади верижни со остри врвови, додека планините во осоговско-беласичкиот венец се стари грамадни со заоблени врвови.
Шарскиот планински венец започнува во крајниот северозападен дел на Македонија, продолжува долж западниот дел на земјата и потоа преку западно-вардарската и пелагонската група на планини завршува во југозападниот и јужниот дел на земјата. Во овој планински венец се истакнуваат масивите на Шара, Кораб, Бистра, Стогово, Сува Гора, Мокра, Галичица, Јабланица, Баба, Ниџе и Кожуф. Највисока точка во овој планински венец и воопшто во Македонија е врвот Голем Кораб (2.753 м) на Корапскиот Масив.
Осоговско-беласичкиот планински венец започнува во североисточниот дел на земјата и се протега долж источниот дел на земјата, вклучувајќи ги и планините во источно-вардарската група. Меѓу позчајаните масиви во овој венец се издвојуваат Осогово, Плачковица, Малешевско-влаинскиот Масив, Огражден и Беласица. Највисока точка во овој планински венец е врвот Руен (2.252 м) на Осоговскиот Масив.
Одберете некоја од нашите планини за да уживате овој викенд – листата е преголема но, за која и да се одлучите нема да погрешите!
Еве некои од нашите омилени:
Шар Планина
Баба Планина
Јакупица