ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Експертите децидни: Тоа што има план за следење на нус појавите од вакцината против ковид-19, не значи дека таа не е безбедна

December 11, 2020 10:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за храна и лекови на САД објави листа на здравствени состојби кои ќе се следат во текот на вакцинирањето со вакцината против ковид-19, а не извештај на несакани ефекти кои веќе се случиле, рeагираа здравствените експерти, откако на Фејсбук беше објавено видео на новинарот Бобан Нонковиќ, во кое се шират дезинформации за ефектите од вакцината против ковид-19.

Во врска со ова, „Мета.мк“ поразговара со професори-експерти од здравствениот сектор, кои во чекор ја следат ситуацијата со ковид-19 уште од почетокот на пандемијата. Во меѓувреме, и „Вистиномер.мк“ во својата нова анализа објави дека Агенцијата за храна и лекови на САД, не утврдила нус појави на вакцините против ковид-19.

– На мое големо изненадување, има и интелектуалци и доктори кои го шират тоа видео. Во видеото се читаат несакани дејства на вакцината, но еве погледнете еден лек на пример, андол 100 и ќе видите низа несакани дејства. Јас не стасав да ги допрочитам од што се многу во низата. Отворете упатство за било кој лек, па дури и аспирин со минимална доза да е, има цела листа на несакани ефекти – вели проф, д-р Никола Пановски, микробиолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

За него е апсурд тоа што стручните лица наместо со суштината, треба да се занимаваат со демантирање вести и тврдења со кои се нанесува огромна штета.

– Ние како стручни лица, наместо да се занимаваме со она што е во нашиот домен, ние се занимаваме со демантирање лажни вести. Ако Американската агенција за храна и лекови, има план за нус појави кои ќе бидат набљудувани во текот на вакцинирањето, тоа не значи дека вакцината не е безбедна. Јас сум убеден дека поборниците против вакцината, се првите кои би се вакцинирале ако стане „густо“ – смета Пановски.

Според него, со вакцината би се спасиле и илјадници лица кои прележале ковид-19, а кои сѐ уште имаат сериозни здравствени проблеми.

– Ако се спречи болеста со вакцина, односно ако не се разболите, нема да имате хроничен проблем. Добар процент од оздравените пациенти имаат сериозни здравствени последици, имаат сериозни промени на белите дробови, најчесто – фиброза. Најважно е вакцината да биде доброволна и да не се дава на деца, како што и ќе биде – потенцира проф. Пановски.

Неговиот колега од Медицинскиот факултет, епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, вели дека со ваквите видеа се саботира единствената мерка која може да ја прекине пандемијата – вакцината.

– Во ситуација во која се случува катаклизма на планетарно ниво, во време „воено“ и во време кога се умира, се дрзнуваат ловци во матно да ја саботираат единствената мерка која може да донесе разрешување на пандемијата – вакцинацијата. Се појавува видео, во кое лаик за медицина мафта со документ на Агенцијата за храна и лекови на САД, во кој е претставен план за следење на неповолни настани после отпочнување на вакцинацијата против ковид-19 и тврди дека наведените состојби за кои ќе се следи дали ќе се појават, претставуваат потврдени несакани ефекти. Тоа не е извештај на случени несакани ефекти по давање на вакцини, туку листа на состојби (неповолни настани) за кои ќе се види понатаму дали и колку често ќе се јавуваат. Националната програма за безбедност на вакцините на САД (Vaccine Adverse Event Reporting System – VAERS) прави разлика меѓу поимите „неповолен настан“ (adverse event) и „несакан ефект“ (side effect) (Understanding the Vaccine Adverse Event Reporting System (VAERS) (cdc.gov) – реагира проф. Даниловски.

Тој исто така споменува и некои написи објавени на портали, со бомбастични наслови, како на пример: „ФДА: Починаа шест учесници за време на тестирањето на вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, двајца примиле вакцина, четворица плацебо“.

– Oва се прави со очигледна намера да се сугерира на читателите (кои во најголем дел читаат само наслови и поим немаат што значи зборот „плацебо“) дека причина за умирањата е вакцината – оценува професорот.

Next Post

Во САД егзекутиран осуден криминалец

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk