ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во САД егзекутиран осуден криминалец

December 11, 2020 10:51
in КРИМИНАЛ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД го егзекутираа осудениот криминалец Брендон Бернард, и покрај приговорите од некои поротници на неговото судење кои побараа од администрацијата на Трамп да покаже милост.

Смртта на Бернард е деветто погубување откако јавниот обвинител Вилијам Бар на почетокот од годинава продолжи да ја применува федералната смртна казна по пауза од 17 години.

Бернард беше осуден на смрт во 2000 година заедно со соучесникот Кристофер Виалва за кражба на автомобил и убиство на Тод и Стејси Багли во оддалечен дел од воената база Форт Худ во близина на Килин, Тексас.

Виалва ја киднапирал и ја застрелал двојката одблизу додека лежеле во багажникот на автомобилот. После тоа, Бернард го запалил автомобилот. За време на злосторството, Бернард имал 18 години, а Виалва имал 19 години. Тројцата други вклучени во киднапирањето и убиството не биле полнолетни кога се случило злосторството и избегнале смртна казна. Двајца веќе се ослободени од затвор.

Пет поротници од судењето го поддржаа барањето на Бернард за помилување, велејќи дека неговите адвокати лошо работеле бранејќи го на судењето. Иако сè уште се согласуваат дека и Бернард и Виалва се виновни, тие рекоа изгледа дека Бернард немал намера да ја убие двојката Багли.

Половина милион луѓе ја потпишаа петицијата со барање од претседателот Трамп да ја смени казната со доживотен затвор, истакнувајќи ја неговата незрелост за време на злосторството и доброто однесување во затвор.

Сепак, Виалва и Бернард во 2000 година беа осудени на смрт од страна на сојузен суд. Првиот доби смртоносна инјекција во септември во казнено-поправниот дом Тере-Хауте. Вториот ја доживеа истата судбина синоќа откако Врховниот суд ја одби конечната жалба.

 

 

извор миа.мк
Next Post

„Санофи“ и „ГСК“ забавуваат со тестирањето на нивната вакцина

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk