ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нова средба на тутунарите, откупувачите и министерот Хоџа – се очекува решение за проблемите со откупот

December 11, 2020 08:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на тутунарите и откупните компании денеска во Скопје ќе имаат заедничка средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Средбата ќе биде обид да се најде заедничко решение за проблемите со откупот – ниската цена и, како што велат производителите, нереалната проценка од страна на откупувачите. Министерот Хоџа во вторникот беше во Прилеп, на состанок со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари кои претходните денови протестираа и бараа средба со надлежните. На состанокот беше договорено до денеска да нема протести и блокади. – Договоривме во петок да ги повикам на состанок двете страни: и незадоволните тутунари и откупувачите. Ако се постигне договор во петок, ќе се одвива целиот процес на откупот на тутунот. Ако не, ние ќе се обидеме максимално да постапиме согласно нашите ингеренции и успешно да се заокружи оваа година, без разлика на овие проблеми во почетокот зашто од целата договорена реколта од 23.000 тони, само 300 тони се откупени што е 1,5 процент. Верувам дека ќе се изнајде решение, изјави тогаш Хоџа.

Тутунарите се согласуваат дека квалитетот на родот е за нијанса послаб. Сепак сметаат дека откупната цена не треба да биде пониска од 200 денари.

– Ние сакаме реално да ни се плати родот, но реална проценка засега нема. Тутунот е со добар квалитет и под 200 денари не смее да се откупува, посебно не врвните берби за кои имаше време да се исушат. Не сакаме да протестираме, си имаме работа на нивите, но нема да дозволиме да ни се обезвреднува трудот. Си ги бараме нашите права, да ни се плати трудот, изјави Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „Група македонски тутунари“ по средбата со министерот во Прилеп.

Мирчески најави дека на денешниот состанок во Скопје производителите ќе дојдат со правен тим кој знае на кои пунктови се презема тутун „под класа“. Тој е дециден дека ако се сака, може да се најде решение.

-Доколку не се постигне решение, не отстапуваме од протестите и блокадите, напомена Мирчески.

Министерот Хоџа по последната средба во Министерството со тутунарите и откупувачите минатиот петок, рече дека поплаки има од двете страни. Производителите се жалат на лоша проценка од страна на откупувачите, а откупувачите на подметнувања од страна на производителите – дека мешаат тутун со послаб квалитет во повисоките класи. Како решение, пак, за постигнување повисока откупна цена на тутунот, миистерот  предложи да се укине четвртата класа. Порача и дека целата договорена количина тутун ќе биде откупена.

Годинава треба да се откупат 23 милиони килограми тутун, а досега се преземени околу 300.000 килограми или околу 1,5 отсто од вкупната количина. Просечната откупна цена, според Хоџа, е 165 денари за килограм, а според тутунарите околу 120-150 денари.

Лани просечната откупна цена на тутунот беше 215 – 220 денари. Тенденцијата годинава е оваа цена барем приближно да се достигне.

Поради ниските откупни цени на протест во понеделникот излегоа и струмичките тутунари од селата Радичево и Ново Село. Побараа реална проценка на тутунот и укинување на четвртата класа. Укажаа дека откупните цени засега се многу ниски и побараа Владата да преземе мерки за да се надмине состојбата. Во спротивно, како што најавија, ќе протестираат секој ден./МИА/.

Next Post

Првите 30.000 дози на „Фајзер“ пристигнуваат во Канада, вакцинирање од понеделник

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk