ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Фокусот е полноправно членство во ЕУ, порача Заев, Османи со поддршка и од европратениците, Мицкоски да се извини за клеветите

December 11, 2020 12:08
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев порача дека остануваме фокусирани кон полноправно членство во ЕУ, Османи со поддршка од европратениците. „Нема друг пат освен патот кон полноправно членство во ЕУ. Остануваме фокусирани целосно на тој пат. Апсолутно знаеме до каде се разговара’, вели Заев

Мицкоски денеска треба да излезе пред јавноста и јавно да се извини на македонскиот народ за сите лаги и хистерии што ги ширеше овој период во однос на македонскиот идентитет и јазик. Срушени се сите негови клевети и лаги дека се распродавал македонскиот идентитет, бараат од СДСМ.

ФРОНТ: Pro et contra – колумна од Мартин Гавриловски за Слободен Печат.

После 22 години, сега ќе им се зголемат платите на Шумската полиција. Припадниците на Шумската полиција по 12 години добија и чизми. На денешниот настан по овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа најави дека најдоцна до март 2021 година Шумската полиција ќе добие и нови летни и зимски униформи.

Експертите децидни: Тоа што има план за следење на нус појавите од вакцината против ковид-19, не значи дека таа не е безбедна.

Француската фармацевтска корпорација „Санофи“ и британската „ГСК“ соопштија дека им треба дополнително време за истражување и тестирање за вакцината што ја развиваат како одговор на коронавирусот. Причината за тоа е слабиот имунолошки одговор кај постарите лица, се наведува во денеска објавеното соопштение од двете компании.

Советот на амбасадори ја поттикнува идејата на одлучување во ЕУ врз принципот „консензус минус еден!”. Разновидноста на земјите-членки, создава реални можности, процесот на одлучување и за други важни прашања од структурен и организационен каракатер за функционирање на Унијата, да се соочи со сериозни проблеми врз постоечките принципи во ЕУ.

Германската полиција го уапси главниот осомничен за снимањето на таканаречената афера „Ибица“, со која беше соборен врвот на Австриската партија за слобода (ФПО), а потоа и австриската Влада.

Ние не велиме: Овие херои се само наши. Ние велиме: Тоа се заеднички херои.
Тоа е модерно размислување на две земји, особено доколку сакаат да бидат заедно во ЕУ, вели Захариева за германскиот јавен сервис АРД.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат од денеска почнува инспекциски надзор за 28-годишниот пациент, кој почина од Ковид-19 на 8 декември. Досега ДСЗИ има иницирано 25 вонредни надзори за сите помлади пациенти.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Дизни најавува 10 серијали „Војна на ѕвездите“ и 10 „Марвел“ нови филмови

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk