ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Берлин уапсен „мозокот“ на аферата „Ибица“ која го собори врвот на ФПО и австриската Влада

December 11, 2020 09:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската полиција го уапси главниот осомничен за снимањето на таканаречената афера „Ибица“, со која беше соборен врвот на Австриската партија за слобода (ФПО), а потоа и австриската Влада.

Станува збор за приватниот детектив Џулијан Х., кој се криел во Берлин.

Детективот бил специјалист за индустриска шпионажа и заедно со виенски адвокат важи за  „мозокот“ на планот за видеото на Ибица. Тој ангажирал девојка, која се претставувала како наводна внука на руски милијардер, и изнајмил вила во која е снимано седумчасовното видео.

На средбите со тогашниот потпретседател на ФПО, Јохан Гуденус, и наводниот руски милијардер, тој ја играл улогата на преведувач и придружник.

Детективот, исто така, се појавува и во видеото за „Ибица“, бидејќи постојано разговорот го насочувал кон скокотливи теми, како што се донациите за партиите.

По 1,5 година бегство, тој е уапсен врз основа на европска потерница.

Решавачко за апсењето биле информации од романската полиција, бидејќи, како што е соопштено од Букурешт, Џулијан со лет од Источна Европа пристигнал во Берлин, каде се криел подолго време.

Со апсењето на главниот осомничен, австриската полиција се надева дека ќе го открие идентитетот на девојчето кое ја играло Русинката, како и, пред се, кој го финансирал снимањето на видео материјалот.

Тогашниот лидер на ФПО и австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе беше принуден да се повлече од сите политички позиции поради содржината на разговорите во видеото од Ибица.

Имено, Штрахе на Русинката и понудил државни бизниси за финансиска помош на неговата партија, заобиколувајќи ги ревизорските органи. /МИА/

Next Post

За 24 часа вкупно 243 санкционирани возачи - во Скопје 21 казна за возење без дозвола

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk