ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: За 10 години над 65.000 македонски граѓани добиле бугарско државјанство, Симовски- привршуваат техничките подготовки за пописот, ќе користиме комбиниран метод…

December 11, 2020 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ахладова: За 10 години над 77.000 македонски граѓани поднеле барања за бугарско државјанство, над 65.000 добиле.

Шаленберг: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да биде на агендата на португалското претседателство. Во разговор со неговиот домаќин, шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, Шаленберг се заложи проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан да биде на агендата на претседавањето на Португалија со ЕУ, во првата половина на следната година.

Пендаровски на To be secure: Позитивно сценарио за регионот опфаќа почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Говорејќи на тема „Западниот Балкан за 10 години“, Пендаровски истакна дека за една декада земјите од Западен Балкан може да го достигнат денешното ниво на развој на централно-европските земји единствено со поголема посветеност на ЕУ и САД на регионот, преку реално, а не техничко оценување на процесите на демократизација и доколку проевропски сили се на власт.

Дерала: Пописот може многу лесно да се претвори во оружје со кое се дискредитираат политичките противници. Се работи за калкулација на тие структури кои може и да не ја постигнат својата целосна атмосфера во која граѓаните имаат сè помалку доверба во институциите, едноставно креирање на теории на заговор е доволно добар резултат за нив, бидејќи ќе се вклопи во нивната стратегија и во која профитот секако го извлекуваат малкумина во тие структури“, вели Дерала.

Симовски на панел дискусијата на ЦИВИЛ: Финишираме со техничките подготовки за пописот, ќе користиме комбиниран метод. Со претходните, година и половина ни беше најбрзото обработување, сега, како што стои во законот, треба по шест месеци да излеземе со податоците, посочи Симовски.

Макрадули: Од 1 март граѓаните ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта. Тој информира дека со дел од банките имаат договор поштарите да ги носат пензиите и апелира до банките да го сторат тоа. Макрадули очекува поштарите повторно да ги носат пензиите, како што беше пред пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје. Македонска пошта има долг од околу 10 милиони евра.

Заврши гласањето на ковид болните на изборите во Штип. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева вели дека двата медицински избирачки одбори до 14 часот биле на терен и на 12 – те пријавени лица им овозможија да го остварат своето право на глас. Гласањето поминало без проблеми.

Савески за МИА: Одлуката за куќен притвор на Мандиќ ја донесов јас, немало никакви влијанија. Ви тврдам со мојот личен и професионален интегритет дека ниту во овој предмет ниту во кој било друг, ниту некој ми се јавил, ниту некој на каков било начин ми се обратил да побара да влијае да јас донесам одлука за конкретен предмет. Во овој предмет такво нешто немало. Ова е сериозен напад на мојот углед како судија кој го градам од 2009 година во правосудството, истакна Савески за МИА.

ГАК за 22-годишната почината родилка со вирус: пациентката двапати одби хоспитализација. Иако и било кажано дека е ризично за неа и за бебето, одбивала хоспитализација во делот за ковид-пациенти, се почувствувала подобро по примената инфузија, за следниот ден повторно да дојде на Клиниката во многу лоша состојба.

(ВИДЕО) Џабир Дерала: Почитувајте, станете подобри луѓе од денеска, од сега! Различноста е богатство и предност во секоја смисла на зборот. Различноста е богатство во секое место, во секое време, во секоја ситуација во животот.

ЗНМ: Новинари од „27 април“ по втор пат жртви, овој пат од судот. „Фактот што судот не признава повреда на правото на слободата на изразување и бара од новинарите да докажат општо познати факти, дека имало упад во Собранието од страна на лица кои јавно демонстрирале на 27 април 2017 година е тенденциозен и преставува преседан во контекст на овој случај.“, истакнуваат од ЗНМ.

Yon Idy – „странецот“ од Скопје ќе настапи на Таксират. Yon Idy, кантавтор од Скопје, ќе настапува во недела на фестивалот Таксират, кој ќе се пренесува онлајн и на МТВ3 цели 13 часа, почнувајќи од 11 часот. Тој ќе настапува со негови оригинални песни Gentle, Walking the Line of Love, Waste No Love, Back Around…

Најчевска: Државата треба да создаде услови за еднаквост за сите. Според професорката Најчевска онлајн наставата која сега се одржува поради пандемијата со КОВИД-19 навидум е недискриминирачка, за сите деца во цела држава, но резултатот е дефинитивно дискриминирачки.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk