Дури и птиците на гранката знаат дека Џо Бајден победи на претседателските избори годинава во Америка, што го шокираше поранешниот претседател Доналд Трамп. Иако полека се помирува со фактот дека изгубил, тој сепак тврди дека имало измама. Од друга страна, неколку извори блиски до парот веќе објавија дека Меланија Трамп едвај чека да ја напушти Белата куќа.
Добро упатени извори за Си-Ен-Ен потврдија какво е расположението кај поранешните членови на Белата куќа . Според сите сметки, тоа е сè уште горчлива тема за Доналд, додека Меланија, наводно, едвај чека да замине. „Меланија само сака да си оди дома“, изјави еден анонимен извор за споменатиот медиум. Покрај тоа, додаде тој, таа започна да се распрашува за сумата што ќе и се најде на сметката откако ќе го напушти Вашингтон.
Патем, официјалната инаугурација на новиот претседател е закажана за 20 јануари.
Иако многумина поверуваа во информацијата дека Меланија ќе се врати во родната Словенија, познато е дека таа планира да се пресели на Флорида. Според свежи информации, ова е импресивен имот во Палм Бич, каде најверојатно ќе им се придружат Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Кушнер.