Легендарниот тенисер, 33-годишниот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, заедно со своите деца, тригодишната Тара и двегодишниот Стефан, како и повеќето спортисти, често престојуваат во Монте Карло, кој исто така е пригоден дом на српската пејачка Лепа Брена. Сепак, пишува српски Телеграф, семејството Ѓоковиќ сега одлучија да се преселат во Марбела, туристички град на југот на Шпанија, каде што купија луксузна куќа во која семејството веќе престојуваше додека Новак се подготвуваше за турнирите.
Djokovic's "lockdown" house in Marbella #NotTooBad pic.twitter.com/FFbvL1eDSV
— 9-7 in the 5th (@97InThe5th) May 28, 2020
Новиот дом на ова семејство се наоѓа на најлуксузната локација на островот, која нуди поглед кон морето и планините што го опкружуваат островот. Вилата во главната куќа има дури девет соби, осум бањи и две соби за гости. Исто така има и пространа теретана, но и билјард просторија, пространа приватна кино и, се разбира, тениско игралиште и прекрасна тераса.