На синоќешниот протест, трет по ред, за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полицаец, на кој имаше насилно однесување на демонстрантите, приведени се повеќе од 150 лица. Дел од нив се ослободени, додека 100 остануваат во притвор.
Меѓу приведените бил и главниот и одговорен уредник на весникот „Коха јон“, кого припадниците на специјалната полициска единица, според сопственикот на весникот Никол Леси, со употреба на сила го земале од улицата пред редакцијата.
– Специјалните полициски сили со употреба на сила го земале од улицата пред редакција. Зборував со директорот на државната полиција Арди Велиу кој ми рече дека станувало збор за грешка и го пуштија, рече Леси.
извор миа.мк







