ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија само со ПЦР тест, за странци е 153 евра и 76 евра за српските државјани

December 15, 2020 17:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската влада соопшти дека донела нови мерки кои во понеделникот беа предложени од Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19, кои стапуваат на сила во недела, 20 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

Као што стои во соопштението на Владата на Србија, новите мерки се однесуваат за влез на домашните и на странски државјани во Србија.

-Имајќи ги предвид новогодишните и божиќните празници, се очекува традиционално поголема фреквенција на луѓе на сите гранични премини. Со цел спречување на ширењето на коронавирусот, раното откривање на заразените лица и заштита на здравјето на жителите на Србија, Владата донесе решение со кое е дозволен влез во Србија само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека граѓаните на Србија кои немаат негативен ПЦР тест, мора да бидат во домашна изолација 10 дена. Тие можат да се тестираат во Србија и ако нивниот ПЦР-тест е негативен, повеќе нема да имаат обврска да бидат во домашна изолација.

-Од денеска цената на тестирањето на лично барање за странските државјани е 18.000 динари (153 евра), додека за српските граѓани цената до крајот на годината изнесува 6.000 динари, а од 1 јануари 2021 година цената на тестирање на лично барање за домашните државјани ќе биде 9000. динари (76 евра) , соопштија од Владата на Србија, од каде апелираа до сите граѓани кои сакаат да бидат тестирани по лично барање да закажат тестирање исклучиво електронски.

Од Владата додаваат дека граѓаните, странски државјани со одобрен престој во Србија, како и странските државјани без одобрен престој (туристи), „можат лесно и брзо да закажат термин во една од 26-те лаборатории во 23 градови и општини во Србија на е-Управа.

-За ПЦР тестирањето по лично барање, не е потребно граѓаните да се регистрираат на порталот за е-Управа. Потврда дека успешно сте закажале термин добивате преку е-поштата што ја имате дадено, како и со СМС порака, соопштија од Владата.

Почитувањето на превентивните мерки и понатаму остануваат единствениот безбеден и докажан начин за заштита од коронавирус. Носењето маска во затворен простор, одржувањето на растојание, како и редовната хигиена на рацете и дезинфекцијата на просторот се клучни за сите нас и единствениот начин да се зачува нашето здравје, заклучија од Владата на Србија.

Next Post

Заев - Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk