Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски во емисијата 24 анализа смета дека има зрак на надеж дека е можно многу скоро, отворање на преговорите. Вели дека треба да се почекаат официјалните информации. Ова е чекорот пред почетокот на преговорите, смета тој.
„Усвојувањето на преговарачката рамка значи дека сите земји-членки на ЕУ се усогласиле околу начинот и постапката со која ќе бидат отворени преговорите со Македонија и Албанија.“ – смета Дујовски.
Дујовски смета дека сега е доволно да се премине на следната фаза кон почеток на преговорите. Вели дека изворот на сегашните проблеми лежи во политиката која сега се води во Софија, а не Договорот за добрососедство.
„Договорот имаше за цел некои прашања да ги разјасни, немаше за цел да не подели. Овој процес ќе биде многу долг и граѓаните имаат право да се надеваат. Никој не ги отвара прашањата за македонскиот јазик и идентитет. Во владата има доволно јасни ставови дека нема да прифатат ништо што влегува во тој домен.“ вели Дујовски.







































































































