Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за
доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв
циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во
Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година и истите се достапни
на следниот линк .
Се појави снимка на која Том Круз очигледно им вика на работниците на снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“ и им се заканува дека ќе ги отпушти ако ги прекршат упатствата на Ковид-19.
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС во која членуваат Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија информира дека ги почитуваат сите превентивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести и дека во нивните клубови нема да има новогодишни прослави и ќе бидат затворени во перидот од 31 декември 2020 од 22 часот до 1 јануари 2021 година до 10 часот.
Здравствените работници порачуваат :Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски. Па така, и во тој дух да ги прославиме претстојните новогодишни празници во кругот на најблиските. Поминавме една исклучително тешка година и да се потсетиме дека не смееме да се откажеме, посебно не сега, во последните мигови.
Новото нормално за концерти може да вклучува мешани холограми на реалноста. BLANK XR развива концертна платформа што ќе им овозможи на фановите да се бидат до своите омилени музичари – барем со нивните холограми.