ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Догодина социјални станови за 16 семејства во Демир Капија, вкупно се градат 579

December 18, 2020 11:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на наредната година треба да заврши изградбата на социјалната зграда во Демир Капија со која ќе се реши станбеното прашање на 16 семејства од ранливите категории граѓани. Активностите на зградата со површина од 1000 метри квадратни, според надлежните, не се запрени и покрај ковид кризата.

Преку Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во државава се градат вкупно 579 социјални станови, а за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски за следната година се одвоени 130 милиони денари.

-Ова претставува грижа на Владата заедно во координација со АД за стопанисување  со станбен  и деловен простор и со Општина Демир Капија за решавање на проблемите  на граѓаните, поддршка и помош на оние на кои им е најпотребо да имаат свој кров на глава, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по увидот на активностите на терен.

Тој информираше дека е во тек изградба на 579 станови за социјално  ранливи  категории граѓани во повеќе градови низ државата.

Задоволен е плановите на АД за иден развој на инфраструктура во овој дел, што се прави во координација со општините кои ги дават параметри за потребите.

– Оваа координација ќе продолжи и наредната година во нашиот буџет имаме предвдиено над 130 милиони денари за реализација на ваков тип објекти. Во 2020 година од нашиот буџет се реализирани сите средства предвидени за изградба на вакви  социјални згради, што, исто така, е благодарение на проактивниот однос на АДССДП и на целиот  тим што работи на овој тип објекти, рече Бочварски.

Кристијан Трајковски, директор на АДССДП појасни дека зградата во Демир Капија е најмала од овој тип прилагодена согласно потребите на општината.

Очекува до крај на годината да ги заокружат постапките за планираните активности за изградба  на социјалните згради.

-Во постапка се уште неколку згради што треба да се градат. Очекувам дека во наредните неколку дена  ќе склучиме договор за избор на изведувач на зграда во Сарај,  исто така во Кочани, а во тек е постапката и за Пехчево и за Дебар. Очекувам до крај на годинава да ги завршиме сите постапки за згради и ќе останат можеби уште две локации за кои постапките ќе ги завршиме наредната година, рече Трајковски.

Градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров, се заблагодари за реализацијата на проектот, потенцирајќи дека со него ќе се реши станбеното прашање на 16 семејства.

-Ова е значаен инфраструктурен проект  што не запре и покрај ковид крзиата и се одвива тековно. Градежните активности би требало да завршат за 10 до 11 месеци. Решавањето на станбеното прашање на сите граѓани е многу важно,  потенцираше градоначалникот Петров.

 

/МИА/
Next Post

Контраспин: Само Захариева гледа равенство меѓу Тито и Хитлер!

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk